Сисачко-мославинска жупанија е жупанија во централна Хрватска, со седиште во Сисак.

Географија Жупанијата ја опфаќа низинската област по течението на Сава, опкружена со Вукомерички Горици, Мославачка Гора, Петрова Гора и Зринска Гора. Најнискиот дел е Лоњско Поле, а покрај Сисак, поголеми населени места се: Кутина, Петриња, Глина и Јасеновац. Жупанијата се граничи со Унгарија и Словенија, додека пак е многу блиску и со границата на Австрија. Западниот дел допира на падините на Алпите, додека пак централниот и источниот дел на низината (Панонска низина).

Сисачко-мославинската жупанија се граничи со жупаниите: Карловачка (запад) Загребачка (север) Бјеловарско-билогорска (север; североисток) Пожешко-славонска (исток) Бродско-посавска (југоисток)

Население Според пописот од 2001 година на просторот на жупанијата живееле 185,387 жители (4,1% од населението во Хрватска). Густината на населеност била 42 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 82,1%, Срби 11,7%, Бошњаци 0,6% и останати.

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857

|Жители''' 185.387 251.332255.292258.643255.635247.482234.953268.287248.953256.207235.514215.675186.059182.656168.292

Извор ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски Официјален портал на жупанијата

Наводи

Категорија:Жупании во Хрватска