Црквата на Христовото раѓање (украински: Церква Різдва Христового ) е црква кој се наоѓа во Киев, Украина.

Овој христијански храм бил изграден во периодот од 1809 до 1814 година, на местото на стара дрвена црква, а како главен архитект бил Андреј Иванович Меленски. Црквата требало да биде готова многу порано, но во 1811 година во неа избувнал пожар. Новиот архитект Б. Гести во голема мера го променил архитектонскиот план на црквата.

Црквата била целосно уништена по налог на комунистичката влада во 1935 година, а истата била повторно изградена во 2000-тите.

Категорија:Цркви во Киев Категорија:Цркви на Украинската православна црква - Киевска патријаршија Киев Категорија:Цркви од 21 век Категорија:Верски објекти во Подолскиот реон