Црквата икона на Божјата Мајка „Знамение“ (украински: Церква ікони Божої Матері «Знамення») е црква која се наоѓа во Киев, Украина.
Камен-темелникот на црквата бил ставен во 2001 година. Финансирањето на црквата било спроведено од страна на градските власти. Во овие средства биле поставени темелите на црквата. Поради недостиг на пари, градежните работи биле стопирани, кое резултирало со одложување на проектот до 2003 година.
По поставувањето на новиот игумен на црквата, во 2003 година започнала доградбата на црквата. Првата литургија во црквата била направена во 2003 на Великден.
Црквата е во надлежност на Православна црква на Украина.
Категорија:Цркви во Киев Категорија:Цркви од 21 век Категорија:Цркви на Украинската православна црква - Киевска патријаршија Категорија:Верски објекти во Соломенскиот реон