Бродската синагога (украински: Синагога Бродського) е синагога која се наоѓа во Киев, Украина.
Кон 90-тите години на 19 век, сопстеникот на неколку шеќерни фабрики, Лазар Бродски, дошол до идеја за изградба на синагога во Киев. По добивањето на дозвола од страна на сенатот на Руската Империја во 1897 година, синагогата била изградена во 1898 година.
Синагогата била дизајнирана од страна на Георги Штлејфер, а вкупната вредност за изградба на синагогата била 150.000 рубли.
Во 1926 година, синаггата била затворена, и преименувана во клуб а во 1955 година овде се наоѓал Киевскиот академски куклен театар. Во 1970 година, објектот бил реконструиран. Во 1997 година, куклениот театар бил преместен, а овој објект бил повторно даден на еврејската заедница во Украина. Во 2000 година, синагогата била повторно отворена.
Категорија:Архитектура од 19 век Категорија:Синагоги во Киев