Работничката партија (РП) — поранешна левичарска политичка партија во Македонија. Била основана на 24 јуни 1990 година. Нејзин претседател бил Крсте Јанковски.

На парламентарните избори во 1990 година РП добила 31.591 гласа (2,9%), но не освоила пратеничко место. На парламентарните избори во 1994 година РП добила 15.416 гласови (1,6%), а на локалните избори во 1996 година - 10.831 (1,4%) и шест советнички места. На парламентарните избори во 1998 РП учестувувала со листа од 35 кандидати на чело со Ѓуро Кешкец, при што освоила 1.528 гласови (0,14%). По изборите нејзината активност полека стагнирала, за по локалните избори во 2000 година, на кои настапила во коалиција со Комунистичката партија на Македонија целосно ги прекинува своите активности.

Наводи

Категорија:Левичарски партии Категорија:Поранешни политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2000 година во Македонија