Народноослободителниот младински сојуз на Македонија била антифашистичка организација на македонската младина во времето на Втората светска војна. Во услови на Окупација на Македонија , активноста на прогресивната младина на Македонија била насочувана преку месните комитети на КПЈ, подоцна КПМ, а потоа биле формирани Младински одбор за Македонија, ПК на СКОЈ за Македонија и Акционен одбор на НОМСМ за организирање на младината на слободната и на окупираната територија, како и во единиците на НОВ и ПОМ.

По пренесувањето на тежиштето на НОБ во Егејскиот дел на Македонија, во село Фуштани на 22 декември, 1943 година бил одржан Првиот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија со учество на 280 делегати од сите краишта на Македонија, како и со присуство на претставници од албанската, бугарската и грчката младина. На Конгресот бил конституиран НОМСМ, било избрано раководство и биле усвоени Резолуција и Проглас до младината на Македонија Владо Иваноски, Активноста на СКОЈ и Народната младина на Македонија за време на НОВ, 1941–1945, посебно издание, Скопје, 1980

За Претседател на НOMCM, во септември 1944 година била избрана Мара Бреглева.

Поврзано

Прв конгрес на НОМСМ Втор конгрес на НОМСМ

Наводи

Категорија:Појавено во 1943 година во Македонија