мини|десно|350п|Завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна, започнало скоро паралелно со окупацијата на Македонија, од страна на фашистичкиот окупатор. Борбите за слобода на Македонија својотата последна етапа ја заокружуваат со борбата на македонскиот народ од средината на 1944 година до конечното ослободување во ноември истата година. Ширум Македонија биле формирани околу 500 народно-ослободителни одбори и биле избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ како највисоко законодавно и извршно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик бил прогласен за службен во македонската држава и започна државниот развиток на Демократска Федерална Македонија како федеративна држава во рамките на ДФ Југославија. Тие решенија биле поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија биле формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска бригада, која зела учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско.

Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија веќе имале околу 85.000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

По капитулацијата на Царството Бугарија, германските сили се повлекувале со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово завршило целосното ослободување на Вардарска Македонија. Подоцна македонските дивизии учествувале и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, составен од 22.000 борци, зеде учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Македонскиот народ во Вардарска Македонија ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви. Од нив по националност: 7.000 Евреи, 7.000 Македонци, 6.000 Срби, 4.000 Албанци и 1.000 Бугари (2.000 цивилни, 1.000 колаборационисти, 14.000 југославски воjници и партизани и 7.000 логорници).

Создавање на АСНОМ Создавање на дивизии и корпуси лево|мини|297x297пкс|Македонска бригада во селото Митрашинци, пролет 1944 година мини|Разоружување на 5та бугарска бригада - од страна на Македонските и Југословенските партизани мини|Македонските борци со заробен бугарски топ - 15 јуни, 1944 година Пролетната офанзива која ја извршиле силите на НОВ и ПОЈ биле од огромно значење за понатамошниот развој до конечното ослободување на Македонија. Веќе ослободените територии во тој период бил проширени во ново ослободени краишта. Ова довело до масовно пријавување на макеоднскиот народ во единиците на НОВ и ПОЈ. Во овој период се формирани:

Од Првата Косовско-Метохиска бригада во западна Македонија - јуни, 1944 година формирани се две нови бригади: Прва македонска ударна бригада и Прва косовска ударна бригада. Гевгелискиот партизански одред кој дејствувал низ брегалничката и струмичката котлина, со примањето на нови борци во нивните редови, пораснал во Четврта македонска ударна бригада. Во овој регион имало масовен прилив на нови борци, по што се формирале 50та и 51та македонска дивизија, кои биле во состав на брегалничко-струмичкиот корпус - чии единици ја ослободиле источна Македонија и учествувале во ослободувањето на Скопје. Во периодот на август, 1944 година на територијата на Македонија дејствуваат вкупно 12 бригади (10 македонски, првата косовска и осмата прешевска бригада). Во западна Македонија се формира Шестата македонска ударна бригада и 4та албанска ударна бригада, кои учествуваат во борбите низ западна Македонија. Во Тиквешкиот регион, напливот на борци овозможил од Втората македонска ударна бригада да се формираат Четврта, Петта и Седма македонска ударна бригада (пролет-лето 1944 година), а во август да се формираат и Осма, Деветта и Десетта македонска ударна бригада. Во овој регион е формирана Првата македонска дивизија, односно Четириесет и првата дивизија на НОВ и ПОЈ.

Со пролетната офанзива која траела 57 дена, откако бил разбиен непријателот, контрола над територијата на Македонија и јужна Србија имале единиците на НОВ и ПОЈ. Во оваа офанзива било запленето многу оружје од бугарските фашисти, кои биле поразени на многу позиции низ Македонија. Се смета дека Бугарите во текот на борбата во источна Македонија и Јужна Србија имале околу 1.200 мртви и околу 500 заробени војници и офицери. По ова генералот Бојдев е сменет, а за привремен командант е поставен генерал Маринов, командант на 15та дивизија.

Операциите на брегалничко-струмичкиот правец

Поставеност на германските сили во Источна Македонија На линијата Дојран-Струмица-Штип била поставена 22та германска дивизија, додека на брегалничкиот правец 16от гренадирски полк и делови од 65от полк, чија главнина била распоредена во Кочани и Царево Село (Делчево). Еден германски баталјон бил поставен во Берово, кај Ѕвегор на врвот Чавка и една чета на планината Буковик. Борбената група „Zifgen“, го запоседнала Царево Село на 4 октомври, а делови од 11та воздухопловна-пешадиска дивизија тргнале кон правец на Куманово. Во правецот кон Струмица бил ангажиран 65-от гренадирски полк, 22-та пешадиска дивизија, чиј трет баталјон бил поставен крај Ново Село, да ја обезбедува македонско-бугарската граница. Подоцна овој полк бил заменет од групата „Katner“ чија задача била да го обезбеди повлекувањето на Групата Е од Грција, на комуникацијата Дојран-Струмица-Штип.

Поставеност на народно-ослободителната армија на Македонија Брегалничко-струмичкиот корпус бил ангажиран од граничната линија со Бугарија до реката Вардар и од Брегалница до реката Струма, а ним требало да им помага 4та бугарска армија, чија задача била да ги спречи германските сили на комуникацијата Струмица-Штип. За таа цел  штабот на бугарската армија се поделил во две групи: северна и јужна. Наместо енергично дејство на зададените позиции, тие сето внимание го свртеле кон Буковик, каде делувала само една германска чета, а на сите други позиции на кои требале да дејствуваат, бугарските војници останале пасивни без извршување на зададените задачи.

Главниот штаб на НОБ на Македонија одржал состанок во Горна Џумаја, со командантот на 4та бугарска армија - генерал Урумов, со кој биле договорени синхронизирани напади на територијата на Македонија. По барање на Урумов, првичните планови за дејство на 8 октомври биле поместени за 15 октомври. Бугарската армија не го испочитувала нити овој датум и нападите ги почнала дури следниот ден без да им соопшти било што на Главниот Штаб на НОВ на Македонија, оставајќи ги единиците на македонската војска сами да се справат со Германските единици. Како изговор на бугарската армија за нивното недејствување ја дале причината дека вршеле преструктуирање на силите. На ова Главниот Штаб на Македонските сили испратил писмо на 16 октомври до генералот Маринов, во кој му било соопштено дека Бугарската армија нити се држи до договореното нити помага на македонските ослободителни сили, поточно на 50та дивизија. По оваа писмо на местото на генерал Урумов е назначен генерал Асен Сираков.

Ослободување на Берово, Пехчево мини|Масакр врз 40 Македонци на игралиште во Берово - октомври 1944 година 50та дивизија на Македонската војска делувала по зацртаниот план: 14та и 19та бригага делувала на комуникацијата Штип-Кочани и Радовиш-Штип, додека 4та и 13та бригада, коњичкиот ескадрон на Главниот штаб на Македонија ги напаѓале непријателските единици долж комуникацијата Берово-Пехчево-Царево Село (Делчево). На 13 октомври, 4та и 13та бригада на 50та дивизија на народно-ослободителната војска на Македонија го ослободиле Берово и Пехчево и ги заземале врвовите Голак и Чавка, а со тоа всушност им овозможиле на бугарската армија да се позиционира на Буковик. На 17 октомври без да имаат некакви борби со германскиот непријател јужната бугарска група избила на превојот Џами-тепе крај Струмица и таму се стационирале и без никакви воени дејствија останале пасивни до 6 ноември. Дваесет дена Бугарската армија не преземала воени акциии за ослободување на градот Струмица.

Ослободување на Кочани Повторно бил изработен план за заедничко делување со бугарската армија, на кој и била дадена задача да делува во Царево Село (Делчево) и да го заземе до 15 октомври, за потоа да може да се делува на целиот правец Калиманци-Бигла. Повторно бугарската армија нерешително постапила и се задржала до 17 октомври. Македонските војници без да знаат дека бугарите доцнат цели два дена, почнале да ги вршат нападите за ослободување на правец Калиманци-Бигла и ослободувње на градот Кочани. 13та македонска ударна бригада на 18 октомври ги освоила позициите, а германците се повлекле источно од Кочани, па потоа кон Штип (ноќта помеѓу 21 и 22 октомври). 14та македонска ударна бригада по трет пат го нападнала Кочани и во раните утрински часови на 22 октомври го ослободила градот. Бугарската војска се појавила доцна во ноќта во веќе ослободеното Кочани.

Ослободување на Штип, Радовиш, Струмица, Валандово и Дојран Од 22 до 27 октомври се водат борби за ослободување на Штип. Според писмото упатено на 24 октомври од штабот на Брегалничко-струмичкиот корпус, наведено е дека повторно бугарите не се активираат во борба против германците, или воопшто не се појавуваат на бојното поле или доцнат од договорените планови. Поради ваквиот однос на бугарската армија, 50та дивизија на народно-ослободителната војска на Македонија, со решителна акција сама го извршила нападот ѝ на 8 ноември го ослободила ѝ Штип. Во периодот од 21 до 29 октомври, 51та дивизија на брегалничко-струмичкиот корпус, извршил низа успешни акции во реонот на Радовиш и селата Чечерлија, Чанаклија, Костурино и Голашец. После петдневни борби во околината на Струмица, единиците на 51та дивизија ја ослободиле Струмица на 5 ноември, а на 7 ноември и Валандово, Удово и Дојран. Во овој период бугарската 7 дивизија воопшто не делувала, а во периодот помеѓу 29 октомври и 5 ноември влегле во Ново Село, кое било напуштено од германските воени сили бидејќи си ја извршиле својата задача се повлекле во правец кон Скопје, па така бугарската армија без никаква борба влегла во селото.

Бугарската држава шири пропаганда Во текот и на овие операции штабовите на народно-ослободителната војска на Македонија протестирале поради неактивноста на бугарските единици и нивното неисполнување на договорите за заеднички дејствувања. Дополнителен гнев се развил откако се дознало за манипулациите кои ги ширела Бугарија, преку „Радио-Софија“, известувајќи дека бугарската армија има успеси и дека ослободува поедини градови во Македонија, кој впрочем биле ослободени од страна на народноослободителната војска на Македонија. Штабот на Брегалничко-струмичкиот корпус во извештаите од 9 и 14 ноември го известува Главниот штаб на Македонија за целосната неактивност на бугарските единици додека воделе битки во Струмичко и Штипско и барале веднаш да се демантира „Радио-Софија“, дека градовите во источна Македонија биле ослободени од бугарски војски. Подоцна ваква иста реакција кон Бугарија и „Радио-Софија“ следела и од страна на 6от корпус на народно ослободителната војска на Југославија по повод лагите дека Велес и Скопје биле ослободени од Бугарите.

Бугарски злосторства за време на ослободителната офанзива во Источна Македонија Третманот на бугарската армија кон населението и македонските партизани бил многу лош.

На 24 октомври 1944 година во селото Истибања крај Кочани, бугарската армија ги разоружала членовите на народно-ослободителниот одбор и на позиција претседател на одборот поставила соработник на фашистичкиот окупатор, по што се јавил голем револт кај селаните, кој бил запрен со тепање, претрес по куќите, пљачкање, одземање оружје.