алт=Долината на реката Хрчавка во Босна и Херцеговина, во позадина главниот гребен на Зеленгора|мини|Долината на реката Хрчавка во Босна и Херцеговина, во позадина главниот гребен на Зеленгора Хрчавка е река во источниот дел на Босна и Херцеговина и се наоѓа во составот на Националниот парк Сутјеска. Извира во шумовитите предели на источните падини на планинскиот масив Оборено точило. Минува низ кањон помеѓу Орлина и Паша-Липовиот дол, т.е. Стружине и Градина, а потоа се влева во реката Сутјеска. На тоа кратко патување ја придружуваат бројни реки и потоци. Хрчавка е богата со риба, особено пастрмка.http://www.bih-ribolov.com/index.php?option=com_content&task=view&id=526&Itemid=31
Во скоро недостапниот кањон на реката Хрчавка, се наоѓа и водопадот Скакавац. Од непристапните карпи извира вода која паѓа во кањонот.
На устието на реката Хрчавка и Сутјеска, во наоѓалиштето Сувода, во непосредна близина на патот Фоча - Гачко, се наоѓа идеално место за излет и за љубителите на долгите пешачки етапи.
Наводи
Категорија:Реки во Босна и Херцеговина