Кирил Дрангов ( во - во ) ― револуционер од Бугарија, член на пробугарската ванчомихајловистичка Внатрешната македонска револуционерна организација. Дел од бугарската окупаторската власт во Македонија за време на Втората светска војна.
Животопис лево|мини|Кирил Дрангов (втор), Пано Попантов (трет), Ванчо Михајлов (четврти) и други дејци на ВМРО, 1920-ти години Кирил Дрнагов бил син на Борис Дрангов. Завршил гимназија во Софија, а како студент на Правниот факултет при Универзитетот во Софија бил еден од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар“, еден од најблиските соработници на Иван Михајлов, пунктовен началник на ВМРО за Софија и резервен член на Централниот комитет на ВМРО во 1932 година. Учествувал во убиствата извршени во Горна Џумаја во 1924 година, кога го убил Алеко Василев.
По убиството на Александар Протогеров, станал најблизок соработник на Ванчо Михајлов. Во 1933 година, заедно со Владо Черноземски, неколку месеци престојувал во „Јанка Пуста“ (Унгарија), како инструктор на хрватските националисти.
Во времето на бугарската окупација на Македонија работел како адвокат во Скопје. По капитулацијата на Бугарија се вратил во Софија ѝ до јуни 1946 година, живеел во илегалност. Пред да биде уапсен од бугарската комунистичка власт, се самоубил.Борис Дрангов, Сборник материали и научни изследваниÔ, СофиÔ, 1993.
Извори
Дрангов, Кирил Категорија:Македонски револуционери Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет