Владо Бучковски (2 декември 1962 во Скопје) — поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Бучковски по професија е правник и професор по римско право на Правниот факултет во Скопје.
Научна кариера Владо Бучковски дипломирал на Правниот факултет — правосудна насока во 1986, а магистрирал во 1992 година. Во 1998 година, тој докторирал на тема „Римско и современо заложно право“.
Од 1987 до 1988 година, Бучковски работел како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година, преминал на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 година, тој бил избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година бил избран за вонреден професор.
Политичка кариера Во периодот од 1998 до 2000 година, Бучковски бил член на Државната изборна комисија. Од 2000 до 2001 година, тој бил претседавач на Советот на Град Скопје. Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година, тој бил министер за одбрана во широката коалициска влада.
По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година. На 15 септември 2003 година, тој станал претседател на Правниот совет на Владата.
На 22 јули 2004 година, во Струга, тој бил жестоко нападнат од 5000 граѓани. Причина за тоа било неговото доаѓање во Струга со цел да го убeди раководството на СДСМ да излезе од Кризниот штаб за отстанок на Општина Струга. Тогаш стружани ги нарекол хулигани. Тоа предизвикало жестока реакција на граѓаните, по што бил затворен во седиштето на СДСМ цели 6 часа. Со акција на специјалните полициски сили, тој бил ослободен и префрлен во Скопје. При таа акција биле повредени многу граѓани на Струга, а употребени биле шок бомби, солзавец и гумени куршуми. Од тогаш, тој бил прогласен за непожелна личност во Струга, неговото име било напишано на ѕидот на срамот, заедно со тогашниот претседател Бранко Црвенковски, и градоначалникот на Град Скопје - Ристо Пенов.
На 26 ноември 2004 година, била избран за водач на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да основа нова влада, по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Собранието го избрало за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршувал до август 2006 година.
Под негово водство, коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ, доживеала пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз, од Бучковски било побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбил. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му била изгласана недоверба и тој бил принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.
На 1 август 2007 година, против Бучковски била поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски бил министер за одбрана. Пресудата била донесена на 9 декември 2008 после 13 месечен судска постапка, во кој е осуден на 3,5 години затворска казна.Владо Бучковски осуден на три и пол години затвор -Вечер Во декември 2012 година, тој бил исклучен од редовите на СДСМ.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Правници од Скопје Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Премиери на Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002
Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Сопотница Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје