Библија (од грчки (τα) βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување) — зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето писмо, Божјо слово, Божји збор, Божја реч, Божја книга, Света книга, Словото, итн. мини|десно|300п|Библија Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов завет. Стариот завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот завет. Христијаните ја изучуваат Библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (Слово Божјо).
Содржина Библијата од времето кога била составена па сè до денес, е една од најпродаваните книги на сите времиња. Според бројот на печатени примероци, Библијата е на прво место во светот според Гинис (пет милијарди).Businessweek on The Bible: "The Bible (2.5 billion copies sold)" (18 July 2005) Изворни јазици на кои е напишана Библијата се: хебрејски, арамејски (одредени делови) и старогрчки (коине). Бројот на писатели на Библиските книги изнесува повеќе од 40. Во однос на периодот на составување: првата книга од Библијата, Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева), е напишана измеѓу 1445 — 1405 п.н.е. од страна на Мојсеј, а последната книга од Библијата, Откровение, е напишана измеѓу 94 — 96 н.е. од страна на апостол Јован.
На следнава табела е прикажано кога и од кој се напишани Библиските книги: +Стар заветСвета книгаГодина на пишувањеПисателБитие (Создавање; Прва книга Мојсеева)1445 — 1405 п.н.е.МојсејИсход (или Излез; Втора книга Мојсеева)1445 — 1405 п.н.е.МојсејЛевит (Левитска; Трета книга Мојсеева)1445 — 1405 п.н.е.МојсејБроеви (Четврта книга Мојсеева)1445 — 1405 п.н.е.МојсејВторозаконие (Повторени закони; Петта книга Мојсеева)1445 — 1405 п.н.е.МојсејИсус Навин1405 — 1385 п.н.е.Исус НавинСудии (Судии Израелови)околу 1043 п.н.е.СамоилРут (Рута)околу 1030 — 1010 п.н.е.Самоил (?)1 Самоилова (Прва книга Самоилова)931 — 722 п.н.е.Анонимен2 Самоилова (Втора книга Самоилова)931 — 722 п.н.е.Анонимен1 Цареви (Прва книга за царевите)561 — 538 п.н.е.Анонимен2 Цареви (Втора книга за царевите)561 — 538 п.н.е.Анонимен1 Летописи (Прва книга Летописи)450 — 430 п.н.е.Ездра (?)2 Летописи (Втора книга Летописи)450 — 430 п.н.е.Ездра (?)Ездра457 — 444 п.н.е.ЕздраНеемија424 — 400 п.н.е.ЕздраЕстир (Естира)450 — 331 п.н.е.АнонименЈовнепознатоАнонименПсалми1410 — 450 п.н.е.Повеќе авториИзрекиоколу 971 — 686 п.н.е.Главно СоломонПроповедник940 — 931 п.н.е.СоломонПесна над песните (Песна Соломонова)971 — 965 п.н.е.СоломонИсаија700 — 681 п.н.е.ИсаијаЕремија586 — 570 п.н.е.ЕремијаПлачот Еремиин (Плачот на Еремија)586 п.н.е.ЕремијаЕзекил590 — 570 п.н.е.ЕзекилДаниил536 — 530 п.н.е.ДаниилОсија750 — 710 п.н.е.ОсијаЈоил835 — 796 п.н.е.ЈоилАмосоколу 750 п.н.е.АмосАвдија (Авдиј)850 — 840 п.н.е.АвдијаЈонаоколу 775 п.н.е.ЈонаМихеј735 — 710 п.н.е.МихејНаумоколу 650 п.н.е.НаумАвакум615 — 605 п.н.е.АвакумСофонија635 — 625 п.н.е.СофонијаАгејоколу 520 п.н.е.АгејЗахарија480 — 470 п.н.е.ЗахаријаМалахија433 — 424 п.н.е.Малахија +Нов заветСвета книгаГодина на пишувањеПисателМатеј (Евангелие според Матеј)50 — 60 н.е.Апостол МатејМарко (Евангелие според Марко)50 — 60 н.е.МаркоЛука (Евангелие според Лука)60 — 61 н.е.ЛукаЈован (Евангелие според Јован)80 — 90 н.е.Апостол ЈованДела Апостолски (Дела на апостолите)62 н.е.ЛукаРимјаните (Послание до Римјаните)56 н.е.Апостол Павле1 Коринќаните (Прво послание до Коринтјаните)55 н.е.Апостол Павле2 Коринќаните (Второ послание до Коринтјаните)55 — 56 н.е.Апостол ПавлеГалатите (Послание до Галатјаните)49 — 50 н.е.Апостол ПавлеЕфешаните (Послание до Ефесјаните)60 — 62 н.е.Апостол ПавлеФилипќаните (Послание до Филипјаните)60 — 62 н.е.Апостол ПавлеКолошаните (Послание до Колосјаните)60 — 62 н.е.Апостол Павле1 Солунците (Прво послание до Солуњаните)51 н.е.Апостол Павле2 Солунците (Второ послание до Солуњаните)51 — 52 н .е.Апостол Павле1 Тимотеј (Прво послание до Тимотеј)62 — 64 н.е.Апостол Павле2 Тимотеј (Второ послание до Тимотеј)66 — 67 н.е.Апостол ПавлеТит (Послание до Тит)62 — 64 н.е.Апостол ПавлеФилимон (Послание до Филимон)60 — 62 н.е.Апостол ПавлеЕвреите (Послание до Евреите)67 — 69 н.е.НепознатЈаков (Послание на апостол Јаков)44 — 49 н.е.Јаков - полубратот на Исус1 Петар (Прво послание на апостол Петар)64 — 65 н.е.Апостол Петар2 Петар (Второ послание на апостол Петар)67 — 68 н.е.Апостол Петар1 Јован (Прво послание на апостол Јован)90 — 95 н.е.Апостол Јован2 Јован (Второ послание на апостол Јован)90 — 95 н.е.Апостол Јован3 Јован (Трето послание на апостол Јован)90 — 95 н.е.Апостол ЈованЈуда (Послание на апостол Јуда)68 — 70 н.е.Јуда — полубратот на ИсусОткровение94 — 96 н.е.Апостол Јован Книгите на Стариот завет се делат на:
Книги на „Законот“, познати и како „Петокнижие“ или „Пентатеух“: Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева), Излез (Исход; Втора книга Мојсеева), Левит (Левитска; Трета книга Мојсеева), Броеви (Четврта книга Мојсеева), Второзаконие (Повторени закони; Петта книга Мојсеева). Историски книги: Исус Навин, Судии (Судии Израелови), Рут (Рута), 1 Самоилова (Прва книга Самоилова), 2 Самоилова (Втора книга Самоилова), 1 Цареви (Прва книга за царевите), 2 Цареви (Втора книга за царевите), 1 Летописи (Прва книга Летописи), 2 Летописи (Втора книга Летописи), Ездра, Неемија, Естир (Естира). Поетски и поучни книги: Јов, Псалми, Изреки, Проповедник, Песна над песните (Песна Соломонова). Книги на големите пророци: Исаија, Еремија, Плачот Еремиин (Плачот на Еремија), Езекил, Даниил. Книги на малите пророци: Осија, Јоил, Амос, Авдија (Авдиј), Јона, Михеј, Наум, Авакум, Софонија, Агеј, Захарија, Малахија.
Книгите на Новиот завет се делат на:
Евангелија: Евангелие според Матеј, Евангелие според Марко, Евангелие според Лука, Евангелие според Јован. Почетоци на христијанската црква: Дела Апостолски. Посланија (Писма) до конкретни цркви: Римјаните (Послание до Римјаните), 1 Коринќаните (Прво послание до Коринтјаните), 2 Коринќаните (Второ послание до Коринтјаните), Галатите (Послание до Галатјаните), Ефешаните (Послание до Ефесјаните), Филипќаните (Послание до Филипјаните), Колошаните (Послание до Колосјаните), 1 Солунците (Прво послание до Солуњаните), 2 Солунците (Второ послание до Солуњаните). Пасторални Посланија (Писма): 1 Тимотеј (Прво послание до Тимотеј), 2 Тимотеј (Второ послание до Тимотеј), Тит (Послание до Тит), Филимон (Послание до Филимон), Евреите (Послание до Евреите). Соборни Посланија (Писма): Јаков (Послание на апостол Јаков), 1 Петар (Прво послание на апостол Петар), 2 Петар (Второ послание на апостол Петар), 1 Јован (Прво послание на апостол Јован), 2 Јован (Второ послание на апостол Јован), 3 Јован (Трето послание на апостол Јован), Јуда (Послание на апостол Јуда). Пророчка книга: Откровение.
Библијата е составена од 66 книги, од кои 39 се во Стариот завет, а 27 се во Новиот завет. Кај проширената (православна и католичка) Библија, во Стариот завет има дополнителни 11 книги, таканаречени Девтероканонски т.е. Апокрифни книги, додека пак кај Новиот завет, бројот на книгите е ист и во православните и во католичките и во протестантските изданија на Библијата, а апокрифните евангелија и посланија, не се прифатени од ниту едни христијани. +Девтероканонски/Апокрифни книги — Стар заветВо православната БиблијаВо католичката Библија2 ЕздраЕстер (грчка верзија)3 ЕздраЈудитаТовитТобитЈудита1 Макавејска1 Макавејска2 Макавејска2 МакавејскаМудрости3 МакавејскаСирахМудрост СоломоноваБарухМудрост СираховаЈеремијево Писмо (посл.)Послание на Еремија*Додатоци во книгата Данијел (глава 3:24-90; глава 13 и 14)Варух (Барух)*Додатоци во книгата Даниил, т.е. Даниил (глава 3:24-90; глава 13 и 14) *Текстот од Малахија 4-та глава е ставен во 3-та глава
*Има дополнителен Псалм (под број 151) Овие книги не се прифаќаат како канонски од страна на јудаизмот и Евангелско-протестантските цркви. Причините поради кои Евреите и Евангелско-протестантските цркви не ги признаваат Девтероканонските/Апокрифни книги, се следниве:
Не ги исполнуваат критериумите за каноничност: Дали книгата настапува со Божји авторитет? Содржи ли изрази како: „И рече Бог...“, „Вака вели Господ...“ и сл?; Дали книгата е напишана од препознатлив Божји пророк или Христов ученик (или личност која била придружник и соработник на некој препознатлив Божји пророк или Христов ученик)?; Дали книгата е автентична? (има и плагијати!); Дали е „живо слово“ кое менува животи на подобро?; Дали е контрадикторна со останатиот дел од Светото писмо?; Дали била прифатена и користена од тогашните верници (јудаисти или христијани) како Божја книга? (во времето во кое е напишана). Содржат историски и географски грешки. Содржат легенди. Христос и апостолите никогаш не цитирале од нив. Рабинскиот концил (во Јамнија, 90 година) не ги признал. Ниеден концил до 4 век не ги вклучувал во канонот. Многу свети отци зборувале против нив (Ориген, Атанасиј, Кирил Ерусалимски...). Римокатоличката црква ги канонизирала Апокрифните книги на концилот во Трент 1546 година. (Но, ја отфрлаат 2 Ездра, затоа што учи против молитви за мртвите!). Содржат учења спротивни на учењето на Христос, апостолите и пророците: молитви, жртви и дарови за мртвите — 2 Макавејска 12:44-45; Спасение преку давање милостињи; Очистување од грев, преку давање дарови — Товит 12:9; Создавање на светот од материја — Мудрости Соломонови 11:17(18).
Список на Новозаветни апокрифни книги: +Девтероканонски/Апокрифни книги — Нов заветНиту една христијанска група не ги прифаќа како боговдахновени книгиПослание на Псевдо-ВарнаваПослание до КоринтјанитеВторо Послание на КлиментПастирот од ХермасДидахија, учењето на 12-теОткровение на Петар; на Јаков; на Дева Марија; на Павле; на Стефан итн.Делата на Павле и ТеклаПослание до ЛаодикијцитеЕвангелие според ЕвреитеПослание на Поликарп до ФилипјанитеСедумте Посланија на ИгнатијЕвангелие според ТомаДела на Петар; на Филип; на Варнава; на Вартоломеј итн.Евангелие на ЈаковЕвангелие на Јуда (Искариотски)Евангелија на Петар, Филип, Тома итн.Евангелие на Марија МагдаленаДијалог на СпасителотПистис Софиа (мудрости за верата)Софиа Језус Кристи (мудрости на Исус Христос) итн.