Аусеналстер или Надворешен Алстер е едно од двете вештачки езера во рамките на градот Хамбург, Германија, кое е создадено од реката Алстер (другото е Биненалстер). Големината на Аусеналстер е 1,6 км².Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Фразата „надворешен“ се однесува на старите градски ѕидини на Хамбург. Аусеналстер бил дел од езерото, кое било „надвор“ од градските ѕидини. Денес, градските ѕидини не постојат, наместо два патнички и жечезнички моста, Lombardbrücke и Kennedybrücke, кои се протегаат над реката.
Аусеналстер е користено од жителите на Хамбург за рекреациски активности, како што се едрење и веслање. Скоро сите брегови на Аусеналстер се јавни. Бреговите се опкружени од мали делови до големи јавни паркови (Алстерфорланд). Многу е популарно да се трча околу езерото (околу 7 километри).
Наводи
Литература
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein Статистичка годишна книга 2006/2007 (ISSN 1614-8045)
Надворешни врски
Категорија:Езера во Хамбург