thumb|250px|десно|Исправениот Буда, Гандара, 1 век Будистичката уметност потекнува од Индија следејќи го историскиот живот на Сидарта Гаутама, од 6-5 век п.н.е., и се развивала во контакт со другите култури ширејќи се низ Азија и светот.

Се развивала на север кон Средна Азија и во Источна Азија, создавајќи ја северната гранка на будистичката уметност и источно сè до Југоисточна Азија, создавајќи ја јужната гранка на будистичката уметност. Во Индија, будистичката уметност цветала и влијаела врз развојот на Хиндуистичката уметност, сè дури будизмот речиси не исчезнал во Индија околу 10. век, делумно поради силната експанзија на исламот, како и на хиндуизмот.

Предиконска фаза (5 – 1 век п.н.е.) thumb|upright|left|Отисок од стапалото на Буда. 1 век, Гандара. Во текот на 2-1 век п.н.е., вајарите станале поексплицитни претставувајќи епизоди од животот и учењата на Буда. Иако Индија имала долга традиција во изработка на скулптури и мајсторство во богатата иконографија, Буда никогаш не бил прикажан во човечки облик, туку единствено преку будистички симболизам. Овој период се нарекува предиконски.

Ваквата тенденција останала до 2 век п.н.е во јужните делови на Индија, во уметноста на школата Амаравати. Се дискутира дека можеби постоеле рани антропоморфни претстави на Буда изработени во дрво кои со време исчезнале. Сепак, не постојат археолошки наоди да ги поткрепат овие расправи. Најраното дело на Будистичката уметност во Индија датира од 1 век п.н.е. Храмот махабоди во Бот Гааја станал модел за слични структури во Бурма и Индонезија. За фреските во Сигирија се вели дека се постари дури и од сликарството во пештерите Аџанта.Buddhist Art, Frontline Magazine May 13-26, 1989

Иконска фаза (од 1 век до денес) thumb|upright|Буда од Гандара, 1 век. Антропоморфните претстави на Буда почнале да се појавуваат од 1 век во Северна Индија. Двата главни центри на творештво се Гандара во денешна Северозападна погранична провинција, во Пакистан, и подрачјето на Матура, во централниот дел на северна Индија. Уметноста на Гандара искористила од тоа што со векови била во интеракција со античката култура откако Александар Македонски во 332 п.н.е. ја освоил Индија. Будистичката скулптура од Гандара била под влијание на старогрчката скулптура и се сугерира дека концептот на "човек-бог" бил главно инспириран од грчката митолошка култура. Елементи на скулптурата на гандарската школа се кадрава коса, наметка која ги покрива двете рамења, чевли и сандали, декорации со листови од акант и сл.

Уметноста на Матура се стреми повеќе кон индиската традиција. Во оваа школа облеката е претставена на начин да го покрива левото рамо со тенок муслин, а декорациите се палма, лотос и сл. Двете школи влијаеле една на друга. Оваа иконска уметност уште на почетокот се одликувала со реалистичен идеализам, комбинирајќи го реалното во однос на човечкото во однос на пропорции, ставови и атрибути и желбата да се прикаже совршенството и спокојот на божественото. Овој приказ на Буда воедно како човек и бог станува иконографски стожер за понатамошната Будистичка уметност. Интересно е и да се забележи дека Буда е предмет во уметностите како скулптура, сликарство и литература, но не и во музиката и танцот. Будистичката уметност продолжила да се развива во Индија некоку века. Розовите скулптури на Матура од песочник се развиле во тек на Гупта периодот (4-6 век). Уметноста на Гупта школата извршила големо влијание насекаде низ Азија. Накај 10 век, како што почнале да преовладуваат Хиндуизмот и Исламот, Будистичката уметност почнала да опаѓа во Индија. На крајот од 12 век, Будизмот во Индија се одржал само во регионот на Хималаите. Со ширењето на будизмот надвор од Индија, изворното уметничко творештво се мешало со други уметнички влијанија и се диференцирале: Северниот пат од 1 век наваму низ Средна Азија, Тибет, Бутан, Кина, Кореја, Јапонија и Виетнам, каде преовладувал Махајана Будизмот. Јужнатиот пат, каде доминирал Теравада Будизмот, која води низ Мјанмар, Шри Ланка, Тајланд, Камбоџа, и Лаос.

Северна будистичка уметност left|thumb|Кинеска дрвена бодисатва од династијата Сонг (960-1279) Ширењето на будизмот по патот на свилата кон Средна Азија, Кина и најпосле Кина и Јапонија почнало во 1 век преку Таримската Котлина амбасадорите испртени кон запад на кинескиот цар Минг (58-75). Сепак, поинтензивни контакти имало од 2 век натаму веројатно како последица на ширењето на империјата на Кушаните на кинеска територија кај Таримската Котлина, преку мисионерството на голем број будистички монаси во Кина дојдени од Средна Азија. Првите мисионери и преведувачи на будистичките скулптури на кинески, како Локаксема, биле или Парти, Кушани, Согдијанци или Тохари.

Централно-азиското мисионерство долж патот на свилата било придружено со наплив уметнички влијанија видливи во развојот на Сериндиската уметност од 2 до 11 век во Таримската Котлина, денешен Синѓанг. Сериндиската уметност честопати произлегува од хеленско-будистичката уметност на областа Гандара – денешен Пакистан, која е комбинација на индиски, грчки и римски влијанија. Хеленско-будистичките уметнички влијанија од патот на свилата може да се најдат дури до Јапонија, во архитектонските мотиви, приказите на Буда и некои претстави на јапонските богови.

Уметноста на северниот пат исто била под големо влијание и на развојот на Махајана Будизмот, посебна гранка на будизмот што се одликува со прифаќање на нови текстови додадени на традиционалните агами. Махајана оди подалеку од традиционалниот ранобудистички идеал на ослободување преку страдањето - (духкха) -и ја истакнува патеката на бодисатва. Махајана го издигнува Буда во трансцендентално и бесконечно битие. Оттука Северната будистичка уметност се стреми кон богати и синкретични претстави на Буда, со мноштво слики на разни Будини прикази, бодисатви и небесни суштества - (деви).

Авганистан thumb|left|Големиот Буда (од Бамијан) и пештерите каде што живееле монасите, Авганистан. Будистичката уметност во Авганистан (поранешна Бактрија) траела неколку века сè до ширењето на Исламот во 7 век. Претставена е со Будите од Бамијан. Други скулптури, во штукатура, шкрилец или глина, прикажуваат силно индиско пост-гуптиско влијание како и класично влијание (хеленско, па дури и грчко-римско). Иако Исламот донекаде бил толерантен кон другите религии, покажал нетолеранција кон Будизмот на кој се гледало како религија што зависи од „идолопоклонство“. Човечките фигуративни уметнички форми исто така биле забранети со Исламот па така, Будистичката уметност претрпела бројни напади што кулминирало со нејзино систематско уништување за време на Талибанскиот режим. Будите од Бамијан, скулптурите од Хада, и многу други артефакти во Авганистанскиот музеј биле уништени. Бројните конфликти после 1980 исто така довеле до систематски грабежи на археолошките наоѓалишта со цел нивна понатамошна распродажба на меѓународниот пазар.

Средна Азија thumb|десно|Сериндиска уметност, 6-7 век теракота, Тумшук (Синѓанг).

Средна Азија долго играла улога на раскрсница меѓу Кина, Индија и Персија. Во тек на 2 век п.н.е., експанзијата на поранешен Хан кон Запад довело до зголемен контакт со хеленистичките цивилизации на Азија, посебно со Грчко-бактриското кралство.

Оттогаш, ширењето на Будизмот кон север довело до формирање на будистички градови па дури и кралства во оазите на Средна Азија. На некои од градовите на патот на свилата во кои имало развиени будистички манастири една од главните цели им била да пречекуваат и да даваат услуги на патници меѓу Истокот и Западот. Источниот дел на Средна Азија (Кинески Туркестан (Таримската Котлина, Синѓанг) особено развил мошне богата Сериндиска уметност (ѕидно сликарство и релјефи во бројни пештери, сликарство на платно, скулптура, ритуални предмети), под влијание на индиската и хеленистичките култури. Најдени биле скулптури во Гандара стил како и гандарското писмо - Харошти. Овие влијанија набрзо биле потиснати од страна на напливот на кинеската култура.

Поврзано: Дунхуанг, Пештери Могао, Кралство Котан, Пат на свилата

Кина Будизмот дошол во Кина околу 1 век и вовел нов трип на уметност во Кина, особено во областа на статуата. Примајќи ја оваа религија, силни кинески црти биле инкорпорирани во будистичка уметност.

Северни династии thumb|left|upright|Кинески северно-вејски Буда, 443. Во 5 и 6 век, Северните династии, развиле симболични и апстрактни начини на претставување, со шематски линии. Нивниот стил е свечен и величествен. Недостигот на телесност во оваа уметност, и нејзината оддалеченост од оригиналната будистичка цел на изразување на чистиот идеал на просветлување на реалистичен начин, постепено доведе до промена кон повеќе натурализам и реализам доведувајќи до израз на Танг будистичката уметност. Места каде е зачувана будистичката скулптура на династијата Северен Веј: Пештери Јунганг, Шанси Пештари Лунгмен, Хенан Пештери Бинглинг, Гансу

Династија Танг Поради отвореноста на династијата на странски влијанија, и обновената размена со индиската култура поради многубројните патувања на кинеските будистички свештеници во Индија, будистичката скулптурата на династијата Танг попримила класична форма, инспирирана од индиската уметноста од Гупта периодот. За тоа време, главниот град на Танг Шанган (денешен Сијан) станал важен центар за будизмот. Од таму будизмот се проширил во Кореја и Јапонија.

thumb|upright|Бодисатва од Танг. Сепак, на странските влијанија кон крајот на Танг династијата се гледало како на нешто негативно. Во 845, Танг императорот Вузонг ги забранил сите "странски" религии (вклучително и христијанското Несторијанство, Зороастризам и Будизам) со цел да се поддржи домородната религија, Таоизам. Тој го конфискувал будистичкиот имот и ги натерал верниците скришно да го почитуваат култот со тоа влијаејќи на развојот на религијата и на нејзината уметност во Кина. Чан Будизмот сепак, како претходник на јапонскиот Зен, продолжил да цути неколку века, посебно под Сонг династијата (960-1279), кога Чан манастирите биле големи културни и образовни центри. thumb|left|upright|Портрет на кинески Зен будист Јужун Шифан, насликан во 1238, Сонг династија.

Раното сликарство на Чен монасите имало тенденција да го одбегне прецизниот реализам на Гомби сликарството во полза на енергични, монохроматски слики, обидувајќи се преку творештвото да го искажат влијанието на просветленоста.Cotterell, A; The imperial capitals of China: an inside view of the celestial empire, Random House 2008, ISBN 9781845950101 p179

Подемот на неоконфуцијанството во времето на Сји Чу во 21 век резултирал со огромна критика кон монашките сликари. Поврзани со тогаш непопуларната школа на Чен будизмот, нивните слики биле негирани. Некои слики преживеале откако биле однесени во Јапонија, но школата на Чен сликарство во Кина целосно била уништена.Ortiz, Valérie Malenfer; Dreaming the southern song landscape: the power of illusion in Chinese painting, BRILL 1999, ISBN 9789004110113 p161-2

Династија Кинг На почетокот на Кинг династијата, таканаречените сликари Четири Монаси (Жу Да, Ши Тао, Кун Кан и Хонг Рен) ги користеле своите слики да го искажат своето неодобрување на тогашната политичка клима. Иако ги користеле традиционалните форми, тие отишле чекор подалеку од високотехничките дела популарни во тоа време (претставени преку Четворицата Ванг) и концентрирани на експресивните потези со четка и смели бои.

Наследството Популаризацијата на будизмот во Кина оваа земја ја направи дом на една од најбогатите збирки на будистички уметности во светот. Могао Пештерите во близина на Дунхуанг и пештерите на храмот Бинглинг во близина на Јонгжинг во провинцијата Гансу, пештерите Лонгмен во близина на Луојанг во провинцијата Хенан, пештерите Јунганг во близина на Датонг во провинцијата Шанси и Дазу Рок резбите во близина на општината Чонгкинг се едни од најзначајните и најпознати будистички наоѓалишта на скулптурата. Џиновската статуа на Буда во Лешан, исклесана во рид во 8 век за време на династијата Танг е најголемата камена статуа на Буда во светот.