Ченто (полн назив: Методија Андонов Ченто) — населено место во Општина Гази Баба, во Скопје и претставува негова приградска населба. Порано, населбата се водела под името Синѓелиќ бидејќи била дел од тоа село, кое сега е посебна единица.

Во склоп на населбата спаѓа и населеното место Камник, како и делови од Инџиково, кое е посебно село.

Географија и местоположба

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Хасанбег и населението било христијанско, односно имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 176 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 219 жители.

Во 1884 година во селото се населени бегалци од Босна. Според статистиката на Васил К`нчов („Македонија. Етнографиja и статистика“) од 1900 година во Хасан Бегово живееле 55 Македонци христијани и 300 Бошњаци.

Според податовите на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 во селото имало 40 Македонци и 6 Роми.

Со потпаѓањето под Србија, селото во 1913 година било забележано со 340 жители и било седиште на општина Асанбегово.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото е забележано под името Синѓелиќево, со 350 Македонци, 100 Албанци и 100 други жители.

Стопанство Населбата е релативно млада, која сè уште се гради.

Има пазарски комплекс, трговски центар, како и повеќе седишта на скопски фирми.

Демографија

На пописот од 2002 година, населбата има 23.915 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Националност Број Македонци 12.499 Албанци 8.818 Турци 316 Роми 891 Власи 83 Срби 657 Бошњаци 407 други 244

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сингелиќ има 7.829 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 329Албанци 6.985Турци 20Роми 0Власи 0Срби 42Бошњаци 96Други357

Општествени установи ОУ „25 Мај“ - Ченто ОУ „Дане Крапчев“ - Ченто ОУ ,,Крсте Мисирков" - Ченто

Навивачка група „Комити Ченто“ Чентовци како верни следбеници на ФК Вардар се горди на својата навивачка група, којашто е една од најбројните подгрупи на Комити Запад. Како таква функционира околу 15-тина години, но нејзиното постоење е официјализирано во 2008 година, со што доаѓа и акронимот КЧ-08.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Ченто Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ченто Црква „Св. Лидија Македонска“ - Ченто — црква во изградба. Се наоѓа на старите гробишта до Домот на културата. Камен-темелник поставен на 22 ноември 2014 година;

Редовни настани

Личности Алија Авдовиќ (1912-1941) — комунистички деец Вера Јоциќ (1923-1944) — народен херој на Југославија и Македонија Борис Трајковски (1956-2004) — претседател на Македонија (роден во Струмица, но живеел во Ченто)

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Општина Гази Баба