Оваа статија се однесува на селото. За населбата, видете Драчево (населба).
Драчево — село во Општина Кисела Вода. Драчево е физички споено со истоимената населба на северозапад, која поради нејзиниот урбан статус претставува ексклава на населеното место Скопје, а не и селото Драчево поради неговиот рурален статус. Сепак, бидејќи селото Драчево припаѓа во Општина Кисела Вода, тоа припаѓа во административната единица Град Скопје.
Потекло и значење на името Драчево
Точното значење на името Драчево во нашата наука сè уште не е утврдено. Села со имиња Драчево, постојат во повеќе словеногласни земји: Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија. Името Драчево го носи уште едно село во Зихненско во Егејска Македонија, а во државата Македонија постојат и две села со имиња Драчевица (Демиркаписко и Скопско во релативно непосредна близина на Драчево). Во Албанија постои градот Драч, а со коренот „драч“, постојат и други населени места во Македонија (Драчиште, Драче) и други земји.
Сепак постојат две главни претпоставки, односно теории за потеклото на името Драчево. Првата теорија смета дека во основата на името Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав.Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 17 Личното име Драче во Македонија е регистрирано во XVI век, а во XV век е забележано личното име Драчо, па оттука некои проучувачи сметаат дека името Драчево, означува „село кое му припаѓало на Драче“. Втората теорија за потеклото на името се поврзува со растението што се вика драч или драча (драка) (лат. Paliurus aculeatus) и има значење на „место каде што има драч“. Драчот бил име за сите бодликави грмушки, а до ден денес за изгребување или бодење се користат глаголите „дречи“, „драскање“. Втората теорија, дека името на Драчево означува место каде што има трнливи и бодликави грмушки е потврдена и во делата на истражувачите Петар Скок и Јован Трифуноски.Малковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 18
Географија и местоположба лево|мини|Карта на Драчево и неговиот атар односно Катастарска општина Драчево 2.
Драчево се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина на 10 километри оддалеченост (воздушна линија) од средиштето на Скопје (во југоисточен правец). Населбата е рамничарска и низ неа минува месен пат за повеќе скопски села. Со Скопје, Драчево е поврзано преку автобуски линии, а исто така Драчево претставува и железничка станица на пругата Скопје - Гевгелија. Драчево е сместено на јужниот раб на Скопската Котлина во подножјето на планината Китка, дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, под возвишението наречено Марков Рид, на надморска височина помеѓу 240 и 250 метриМалковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 9. Непосредно на запад Драчево е расположено на десниот брег на Маркова Река. На северозапад, селото Драчево граничи со физички споената и истоимена населба Драчево. Од малку подалечните населени места, селото Драчево граничи со: Долно Лисиче на север, Студеничани југоисток, атарот на село Драчевп граничи со Пинтија и на северозапад, Батинци на запад и Горно Лисиче на северозапад. Од Драчево водат и регионални патни правци кон: Горно Количани и селата во подножјето на планината Китка (кон југ), Зелениково и селата по течението на Вардар кон Таорската Клисура (кон исток) како и кон Јурумлери, Илинден и Скопското Поле (кон север). Низ селото Драчево тече потокот Мала Рада.
Во селото Драчево постојат повеќе маала именувани по селските родови кои се распоредени горе и долу од главната улица „Јустинијан Први“ (порано именувана како „Драчевска“) како и околу улица „Китка“ која ја сече главната, а тоа се: Саве, Тоше и Кече Маала во горниот дел и Крко, Арсо, Крџе и Дашко Маало во долниот делТрифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр. 111.
Топонимија Низ атарот на селото денес се среќаваат следниве топоними:
Аџево, Бабајлија, Бегзадица, Бара, Велешка Населба, Велкова Крушка, Воденичиште, Геран, Главиница, Градиште, Гробишта, Дашкова Црница, По Рупа, Дол, Зад Забел, Забел, Јурии, Крива Ливада, Караџица, Караџина, Каруница, Коњушница, Кузов Дол, Локва, Љубош, Маркова Река, Марков Рид, Мерис, Оризница, Осмаково, Пасиште, Песовци, Под Станица, Пеленица, Пештаница, Речиште, Село, Смоквинки, Средни Рид, Три Круши, Црквиште, Чинар, Ќулев Крст, Чупино Брдо, Шејтаница, Шут Даб, Широк Пат, Широка Рупа и Шкилоица.
Од друга страна пак, топонимите Тапилија, Ограда, Чифлик, Под Бразда, Под Аџево и Ќерамидница, доживеале целосна урбанизација и денес непостојат.
Постојат и имиња на помали врвови, како: Мала Тумба, Голема Тумба, Босанџи Рид, Корџев Крст, Романец, Рамниште.
Во историски документи се сретуваат и други топоними, кои се познати за локалните жители, но катастарот не ги има забележано, како: Тенџерев Дол, Петла Чука, Ќиналиште, Урвали, Стара Маркова Река, Орлово Седало, Крњешница, Шула, Под Мерис, Стара Воденица, Ливадиште, Бујчиновски Ораси, Под Долна Црква, Под Широк Пат, Вакавска Мевкија, Виринови, Чокла, Јанчевица, Долчиња, Падирница, Раман-су, Орлов Рид, Манастириште, Улава Тумба, Горна Локва, Долна Локва и Горна Црква.
Со развојот на селото и урбанизацијата, се создале или пренаманиле и урбаноними: Сред Село (го задржало старото име, но се урбанизирало целосно и како такво се користи и денес), Босфор (нов мост што ги поврзува улиците Иван Хаџиниколов и Речиште), Раскрсница (место каде се вкрстуваат улиците Сердарот и Иван Хаџиниколов), Марлес (раскрница на улиците Иван Хаџиниколов и Методија Патчев), Школски Мост (метален пешачки мост што ги поврзува улиците Сердарот и Речиште), Каналот (регулираниот дел од реката Мала Рада), Плочник (поплочениот дел од левата страна на реката Мала Рада), Типо (последната автобуска станица на линијата 41), Последна (поранешната крајна станица на автобуската линија 41), Дупки (прекопан дел на крајот од селото за потребите на фабриката Партизанка, кој денес е претворен во простор за спорт и рекреација), Порупа (јужниот крај на селото), Оксиген (дел од селото што е на граница со Студеничани), Обнова (на улицата Сердарот), Тополи (пред влезот во населбата Драчево), Пругите (делот од селото на патот кон Долно Лисиче), Подстаница или ПЖС (урбанизиран дел под ЖС Драчево).
Историја Доцен среден век и нов век
Во пишаните историски извори, Драчево за првпат е споменато во 1300 година.Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр. 34 Во XV век, Драчево било дел од Скопскиот Санџак, а според пописот од 1452/53 година во Драчево живееле 40 семејства и тројца неженети (околу 200 жители), сите православни Македонци, со исклучок на само 1 муслиманМалковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 31-32. Потоа во XV век Драчево од страна на османлискиот султан Мехмед II, било дадено на Исак-бег кој на 13 август 1466 го завештал на медресата и теќето во Скопје. На следните пописи во XVI век бројната состојба на населението била следна: во 1528/59 година во Драчево живееле 127 македонски христијански семејства, 7 неженети и 4 муслимански семејства, во 1544/45 живееле 155 македонски христијански и 3 муслимански семејства, а во 1568/69 живелее 149 македонски христијански семејства и 59 неженети ергени, без муслиманиМалковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 35. Во тој период Драчево било едно од најголемите населени места во Скопската Нахија и воедно едно од економски најнапредните места со највкалитетни земјоделски производи и обврска за плаќање на данок од 34909 акчиња годишно. По овие записи долго време немало никакви споменувања на Драчево со до средината на XVIII век, при што може да биде заклучено дека за време на османлиското владеење, можно е Драчево во еден период да замрело со живот, па повторно да било обновено.Исто
Како и повеќето скопски села, Драчево било раселено кон крајот на XVII век, во периодот по 1689 година Карпошовото востание и повлекувањето на австриската војска. Дел од жителите на Драчево се иселиле заедно со повлекувањето на австриската војска преку Дунав, а селото по овој период запустелоМалковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 40. Останатиот дел од Македонците од Драчево се преселиле во месноста (селото) Салаково (Бразда) на планината Караџица дел од масивот на Мокра Планина во околината на ДрачевоМалковски, Ѓорѓи. „Драчево - од античко време до денес“. Скопје, 2007. стр. 42 Во месноста Салаково која се наоѓа во непристапен шумовит предел на билото на Караџица, идеален предел за засолнување на незаштитеното население, пребегнатите жители на запустеното Драчево живееле еден век, сè до крајот на XVIII век и почетокот на XIX век, кога започнале повторно да се враќаат и населуваат на старите огништа на сегашното место долу во подножјето на планината и рамничарскиот предел на Скопското Поле. Во овој предел на Караџица, како сведоштво од засолнетите Драчевци постои месноста-потегот наречен Драчевска Планина, на кој за време на летото, бил напасуван добитокот. Поради својата големина и бројноста на македонското население за време на отоманското владеење, Драчево никогаш не било почифлижено и не постоеле чифлизи на турски бегови и аги, туку жителите на Драчево биле слободни и имале свои поседи, при што имале обврска да плаќаат даноци.