Горно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.

Географија и местоположба Горно Свиларе се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, северно од Вардар.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 10 христијански и 1 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 3 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 206 жители.

Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 86 жители Албанци муслимани и 60 Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци, 25 до 50 Македонци и 25 до 50 други жители.

На пописот од 2002 година, селото имало 712 жители, од кои 711 Албанци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 845 жители, од кои 830 Албанци и 15 лица без податоци.

Родови

Горно Свиларе е албанско село, а порано имало и Македонци.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Албански

Доселеници: Матњан (7 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Они се првите албански доселеници. Го знаат следното родословие: Фета (жив на 70 г. во 1948 година) Имер-Јакуп-Асан-Мемет, кој се доселил; Дибран (9 к.) доселени се кога и претходниот род. Доселени се од Дебарско. А таму се доселени од Албанија; Љумљан (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Името го добиле по областа Љума од каде потекнува фисот; Дац (7 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија.

Македонски

Доселеници: Ѓорески (2 к.) и Чинговци (2 к.) доселени се од селото Кучково. Во родот Ѓорески го знаат следното родословие: Крсто (жив на 48 г. во 1948 година) Кузман-Ѓоре, кој се доселил; Васовски (1 к.) потекнуваат од предокот Стојан кој дошол како посинет во родот Чинговци. По потекло овој род е од Тетовско.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Кале — кале од римското и доцноантичкото време

Личности Сулејман Реџепи — поранешен водач на Исламската верска заедница на Македонија

Поврзано Општина Сарај Скопје

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Горно Свиларе, на Карти на Гугл