Љубин — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Љубин се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, на околу 1 км западно од Сарај.

Население

На пописот од 2002 година, селото имало 2.044 жители, од кои 4 Македонци, 1.099 Албанци, 3 Турци, 914 Бошњаци и 24 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.426 жители, од кои 4 Македонци, 1.493 Албанци, 5 Турци, 1 Ром, 859 Бошњаци, 4 останати и 60 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1531953—5687———...——1431961—4240......—...2—2471971—57115—...—...202—374198124401———...786—1.230199110291——1...906—9471994270610———...899—1.617200241.0993———91424—2.044200241.49351——8594602.426

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.

Родови Љубин е муслиманско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се

Албански

Доселеници: Шкека (17 к.) потекнуваат од двајца браќа. Тие се иселиле од местото Дарда во областа Матија, средна Албанија. Од таму се населиле најпрво во Матка, од таму брзо се рашириле во Глумово, Љубин и ’Ржаничино

Роми

Доселеници: Џемајловци (1 к.) во Љубин се доселени од Сарај и Шишево. Подалечното потекло не го знаат.

Денес во селото живеат и Бошњаци кои почнале да се доселуваат некое време по истражувањата вршени во селото.

Личности Ризван Сулејмани (р. 1957) - македонски политичар.

Поврзано Општина Сарај Скопје

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Љубин, на Карти на Гугл