мини|Егејското Море со неговите бројни острови. Ова е потеклото на поимот „архипелаг“. мини|Архипелагот Мергуи во Мјанмар. Архипелаг — подрачје со група острови во дадена водна површина кои се сметаат за физиогеографска целина. Поимот потекнува од старогрчките зборови , „главен“ и „море“), и првично однесувал на Егејското Море.
Познати примери за архипелази се оние на Индонезија, Јапонија, Филипините, Нов Зеланд, Малдивите, Британските Острови, Бахамите, Егејските Острови, Хаваите, Порторико, Канарските Острови, Мадејра и Азорите.
Географски видови Архипелазите се среќаваат во изолација, обиколени со големи водни површини, или пак во соседство на голема копнена маса. На пример, Шкотска има преку 700 острови кои сочинуваат архипелаг, но највеќето се релативно блиску до брегот.
Честопати архипелазите се од вулканска природа, распоредени како долги островски лакови настани со подвлекување или во тектонски жаришта, но можат да бидат и производ на ерозија, таложење и изгидање на земјиштето. Зависно од нивното географско потекло, островите кои сочинуваат архипелази можат бидат океански острови, континентални откршоци или континентални острови.Whittaker R. J. & Fernández-Palacios J. M. (2007) Island Biogeography: Ecology, Evolution, and Conservation. New York, Oxford University Press
Океански острови Океанските острови се претежно од вулканско потекло и мошне оддалечени од најблискиот континент. Такви примери се Хавајските Острови и Велигденскиот Остров во Тихиот и Амстердам во јужниот Индиски Океан.
Континентални откршоци Континенталните откршоци се делчиња од копнената маса кои се одвоиле од неа поради тектонските движења. Такви се Фараљонските Острови кај Калифорнија, САД.
Континентални архипелази Островските групи кои лежат недалеку од континентот се сметаат за континентални кога го делат истиот континентален праг со копното. Пример се островите на Внатрешниот Премин во Британска Колумбија, Канада.
Занимливости Најголема архипелашка држава на светот по површина и население е Индонезија.
Поврзано Островски лак Список на архипелази по број на острови
Наводи
Надворешни врски
30 неверојатни архипелази Архипелаг — Голема руска енциклопедија
Категорија:Крајбрежни и океански земјишни облици Категорија:Острови Категорија:Грцизми