Баскија (Basquiat) — биографски филм од 1996 година кој претставува вистинска приказна за животот на еден од најславните претставници на поп-арт — Жан Мишел Баскија. Филмот е режиран од Џулиан Шнабел. Се зборува за растот и падот на еден 19-годишен афроамериканец кој ја презема поп-арт сцената на Њујорк во 1981.

Џефри Рајт го игра Баскијат, уметник роден во Бруклин, кој ги искористил своите графити корени како основа за создавање слики во колажен стил на платно. Дејвид Боуви го игра пријателот и ментор на Баскијат, поп-уметникот Енди Ворхол. Дополнителни членови на екипата се Гари Олдман како лик базиран на Шнабел, Мајкл Винкот како поетот и уметнички критичар Рене Рикард, Денис Хопер како Бруно Бишофбергер, Паркер Пози како сопственичка на галерија Мери Бун и Клер Форлани, Кристофер Вокен, Вилем Дефо, Кортни Лав, Тејтум О'Нил и Бенисио дел Торо во споредни улоги како „композитните ликови“.

Улоги

Џефри Рајт — Жан Мишел Баскија Мајкл Винкот — Рене Рикар Бенисио дел Торо — Бени Долмо Клер Форлани — Џина Кардинали Дејвид Боуви — Енди Ворхол Денис Хопер — Бруно Бихофбергер Гери Олдман — Алберт Мајло Кристофер Вокен — интервјуерот Вилем Дафо — електричар

Наводи

Надворешни врски После Баскија (Краток есеј на Тимоти Дон)

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1996 година Категорија:Филмови со Џефри Рајт Категорија:Филмови со Мајкл Винкот Категорија:Филмови со Бенисио дел Торо Категорија:Филмови со Клер Форлани Категорија:Филмови со Дејвид Боуви Категорија:Филмови со Денис Хопер Категорија:Филмови со Гери Олдман Категорија:Филмови со Кристофер Вокен Категорија:Филмови со Вилијам Дефо Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови за сликари Категорија:Биографски филмови