Раовиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Општина Сарај.
Историја Кон крајот на XIX век Раовиќ било село како дел од Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раовиќ живееле 110 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
По Балканските војни е забележано со 277 жители.
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 43 куќи со 273 Албанци.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 213 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 40 Албанци и 39 лица без податоци.
Родови:
Родот Ерем (25 куќи) потекнува од племето Тсач во северна Албанија. Во Раовиќ дошле двајцата браќа Мурат и Демир во првата половина на XIX век. Од споменатите браќа потекнуваат денешните семејства.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници:
Ченон или Чајан (15 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселени од Љума во северна Албанија, нивни роднини се Ибишалар, Миналар и Исафалар кои живеат во Чајлане. Ереме (25 к.) потекнуваат од фисот Тсача во северна Албанија. Елез (18 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век, каде дошле браќата Елез и Рамадан.
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Раовиќ, на Карти на Гугл