Горно Оризари — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Поради својата непосредна близина до градот Битола, селото се смета за населба на градот сместена на излезот кон Прилеп, но официјално во Статутот на Општина Битола се води како село. Катастарски во него влегува и Стрежевска Населба.

Вистинското население во селото изнесува 2.912 жители, бидејќи дел од куќите околу училиштето се бројат катастарски како дел од Раштани, иако се продолжение на селото Горно Оризари.

Потекло и значење на името

Легендата за името на селото говори дека некогаш на ова место се одгледувал ориз, додека било наречено „горно“, бидејќи во областа постои и Долно Оризари.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на Стрежевска Населба, дел од Горно Оризари

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на територијата на Општина Битола, недалеку од градот Битола на север, па затоа припаѓа на неговата рурбална зона.

Низ селото поминува улицата „Прилепска“, која е продолжение на магистралниот пат А3 и важи за еден од влезовите на градот Битола.

Селото се наоѓа северно од Битола, на оддалеченост од околу 2 километри. Покрај него се наоѓаат патната и железничка врска Прилеп-Битола. Околни села се Долно Оризари на исток и Раштани на запад. Во минатото, водата за пиење се добивала од две чешми и еден бунар. Во дворовите на секоја куќа има бунар длабок 5-10 метри.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Тумба, Рид, Градено, Лозје, Мутишица, Ограѓе, Под-Линија, Гладно Поле, Средно Патче, Мерите и Чаир.

Селото има збиен тип, додека куќите се групирани на две маала: Горно и Долно. Некои делови од маалата се наречени по родовите, како Реџовци, Грујовци, Ашинковци и други.

Јужно од оваа населба се битолските нови и стари гробишта, како и црквата „Св. Недела“, која била подигната кон крајот на век. Црквата од 1920 година се смета за градска битолска црква.

Историја

Покрај патот Битола-Прилеп е потегот Тумба, каде во 1950-тите години биле пронајдени остатоци од гробови. Мештаните говорат дека тоа биле „арапски гробишта“. По тоа тие заклучуваат дека некогаш во ова село живееле Арапи. На местото на тие гробишта денес се наоѓа фабриката за изработка на цигли.

Горно Оризари се вбројува во постарите села од битолскиот крај. Тоа се гледа и по сочуваните староседелски родови. Најпрвин, ова село се викало Оризаре. Подоцна, за да се разликува од новото село Долно Оризари, го добило името „Горно“. Името на селото дошло по одгледувањето на ориз. Оризот до средината на век се одгледувал на месностите Мерите и Чаир.

Во 1912 година, селото имало 40 македонски куќи. Мештаните ги купиле поседите од чифлигсајбиите, а некои го добиле земјиштето со аграрната реформа. Во атарот на Горно Оризари, земјиште купувале и жителите на Карамани, Раштани (Битолско) и градот Битола, па затоа од некогашниот просторен атар, жителите на Горно Оризари имаат само една четвртина.

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од само 3,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 264,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 88,6 хектари, додека на шумите симболични 0,2 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти. Тука се и фабриките „Лозар“ и фабриката за тутун „Сокотаб“.

При ослободувањето од Турците во 1912 година, во Горно Оризари биле забележани неколку чифлици. Нивни сопственици биле: Рифат (имал најмногу земја), Азис, Неџип-ефенди, Шаќир-ефенди, Мемет Бањарот, Анка и други. Сите живееле во Битола. Тогаш, единствено малобројните родови Галевци и Реџовци биле рајати.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Оризари живееле 236 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Горно Оризари се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 36 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Оризари имало 216 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Во 1961 година селото броело 531 жител, а поради близината до градот, тоа станало имиграциско место, така што, во 1994 година пораснало на 1.992 жители, од кои 1.983 биле Македонци и шест жители Срби. Во него се доселило бројно население со потекло од битолските села, Железник (Демир Хисар) и Мариово.

Во 1990-тите во Горно Оризари добиле куќи и имоти и жителите на раселеното село Биљаник поради ширењето на рудникот Судовол, а исто така, во атарот на Горно Оризари се наоѓа и новоизградената Стрежевска Населба, каде што живеат доселеници од потопеното село Стрежево поради изградбата на хидросистемот Стрежевско Езеро.

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Оризари живееле 2.454 жители, од кои 2.431 Македонец, 13 Роми, 1 Влав, 3 Срби и 6 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото Горно Оризари живееле 2.521 жители, од кои 2.442 Македонци, 1 Албанец, 2 Турци, 4 Роми, 11 Власи, 8 Срби, 4 останати и 49 лица без податоци.

Родови

Горно Оризари е македонско православно село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото: Староседелци: Аршинковци (5 к.), Поповци (5 к.) и Ѓелевци (3 к.). Порано биле еден род и се најстари жители на селото. Не се знае дали се староседелци или доселеници со непозната старина Грујовци (13 к.). Доселеници: Галевци (5 к.), доселени се од Радобор; Дрнковци (5 к.), доселени се од Лознани; Стрезовци (5 к.), доселени се од Новоселани; Биљаровци (2 к.) и Кумитовци (2 к.), доселени се од Коњари, Прилепско; Секоја (3 к.), доселени се од Подино, таму биле староседелци; Прпачо (1 к.), доселени се од Ношпал; Гроздан (1 к.), доселени се од Горно Агларци; Тасе (1 к.) и Комарец (1 к.), доселени се од Раштани; Консуло (1 к.), доселени се од Лопатица; Рек (1 к.), доселени се од Крклино; Егејци (1 к.), доселени се од Неокази, Леринско; Реџовци (9 к.), Брбушковци (4 к.), Дисковци (3 к.) и Биљовци (1 к.), доселени се однекаде (Реџовци и Дисковци потекнуваат од ист предок) и Блажевци (2 к.), доселени од Беранци.

Иселеништво

До 1957 година се иселиле родовите Лисковци (4 к.) и Јолбашовци (2 к.) во Поешево, како и Боротинци (1 к.) во Оптичари. Околу 1912 година, неколку семејства се иселиле во Битола.

Од селото над 500 лица имаат емигрирано во Австралија, САД, Канада и во повеќе европски држави.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото мини|300п|десно|Детско игралиште во селото

Подрачно основно училиште „Тодор Ангелевски“, деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Тодор Ангелевски“ - БитолаКатастарски, делот околу основното училиште со околните индивидуални станбени куќи влегува во соседното село Раштани. Здравствена амбуланта Пошта Дом на културата

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Горно Оризари било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Битола.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Битола.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кукуречани, во која покрај селото Горно Оризари се наоѓале селата Драгожани, Драгарино, Крклино, Кукуречани, Могила, Ново Змирново, Раштани, Старо Змирново и Црнобуки. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кукуречани, во која влегувале селата Горно Оризари, Драгарино, Крклино, Кукуречани, Снегово и Раштани.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0039, 0039/1, 0040 и 0040/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.364 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Талалеј“ — главна селска црква во делот кај што биле подигнати куќите на иселените мештани од Биљаник, чиј камен-темелник бил поставен во јуни 2021 г.;Осветување на камен темелник за изградба на нов храм посветен на „Светиот маченик Талалеј“, во Горно Оризари и Црква „Св. Талалеј“ — помала црква до главната црква.

Редовни настани

Велигден, третиот ден — селска слава

Личности

Родени во Горно Оризари Марјан Божиновски (1974 – † 2001), македонски бранител, еден од загинатите во масакрот кај Вејце Кире Костадиновски (1977 – † 2001), македонски бранител, еден од загинатите во масакрот кај Вејце

Култура и спорт

ФК Младост, настапува во Третата македонска фудбалска лига (запад).

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Битола Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола