Грушино — село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора.
Топонимија Низ атарот на селото денес се среќаваат следниве топоними:
Арачински Пат, Грушин Пат, Дрма, Друм, Корија, Луѓе, Мас Лиса, Недри Прој, Никушток Пат, Рамниште, Селиште, Стари Лисе, Стари Лозја, Умин Дол, Шпат Лисе, Шулан.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 101 мажи муслимани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 228 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 178 жители.
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Брушница живееле 150 Арнаути муслимани.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Бунарџик и има 399 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.
Демографија Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грушино живееле 150 жители, сите Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
На пописот од 2002 година, селото имало 1.128 жители, од кои 1.126 Албанци и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:
Година1900190519481953196119711981199420022021Население150―6157247288628791.0071.128883
Родови Грушино е албанско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото:
Доселеници: Рукол (27 к.) најстар селски род. Нивното потекло е од фисот Соп во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Абдула (жив на 32 г. во 1963 година) Јакуп-Камбер-Мамут-Јакуп-Мамут-Асан, основачот на родот кој се доселил. Асан имал четири синови, Беќир, Селим, Мамут и Ебип; Имишт (28 к.) доселени се после претходниот род. Нивното потекло е од фисот Бериш во северна Албанија. Ја знаат следната гененологија Садик (жив на 50 г. во 1963 година) Рушит-Алија-Рушит-Дурак-Али Топал. Имаат роднини во селото Липково; Везњан (10 к.) доселени се после претходните родови. потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Коџобеј (11 к.) најмлади доселеници. доселени се во првата половина на XIX век. Потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Грушино има 883 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 2Албанци 854Турци 0Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други27
Самоуправа и политика Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2340 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.
Иселеништво Албански иселеници од ова село има во Турција (13 семејства) и во Скопје. Иселениците во Турција живеат во Истанбул, Јени-Кол и во Бурса.
Поврзано Скопска Црна Гора Општина Арачиново Арачиново
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Грушино на Карти на Гугл