Копаница — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Спред пописот од 2002 година, селото имало население од 1.714 жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на излезот од Дервенската Клисура. Селото се наоѓа во подножјето на Жеден.
Историја Местото е населено барем од римско време, за што сведочат наодите во наоѓалиштето Дренки во селото.
Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 174 мажи муслимани, со 22 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 392 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 220 жители.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 1.714 жители, од кои 1 Македонец, 1.710 Албанци и 3 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.790 жители, од кои 1.761 Албанец и 29 лица без податоци.
Родови
Копаница е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Ќуште (33 к.) староседелци. Исламот го примиле во почетокот од XIX век, кога и се албанизирале. Најстарите муслимански предци им биле. Зекир, Али и Браим. Имаат православни роднини кои од Копаница се иселиле во селото Кучково (Ќунтовци). Маноџе (36 к.) доселени се во XVIII век од некое место во северна Албанија. Маршеје (34 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Мерово. Учествувале во Битката на Треска 1944, во страна на Балистите. Реџе (10 к.) доселени се од северна Албанија на почетокот од XIX век. Љаја (16 к.) потекло и време на доселување како и претходниот род.
Иселеништво Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родот Ќунтовци или Бировци. Они се иселиле во селото Кучково. Во Копаница биле двајца браќа, едниот го прифатил исламот, а другиот се иселил во селото Кучково. Од Кучково се иселиле во населбата Ѓорче Петров, Скопје, Куманово и Кралево.
Поврзано Општина Сарај Дренки — археолошко наоѓалиште од римско време во селото
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Копаница, на Карти на Гугл