Нојенгаме е кварт на Хамбург, Германија, кој се наоѓа во округот Бергедорф. Во текот на Нацистичка Германија, концентрационен камп се наоѓал во Нојенгаме.

Географија

Нојенгаме се наоѓа во југоисточниот дел на Хамбург. Во 2007, квартот имал вкупна површина од 18,6 км2.Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Историја

Од декември 1938 до мај 1945, концентрациониот камп кај Нојенгаме (германски: Konzentrationslager Neuengamme) имал повеќе од 106.000 затвореници—вклучувајќи ги сите подкампови—скоро половина од нив умреле.

Демографија

Во 2007, 3.459 луѓе живееле во квартот Нојенгаме. Густината на населеност била 168 на км2. 17,7% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 2,3% биле имигранти. 54 лица биле регистрирани како невработени.

Образование

Во 2007, немало ниедно училиште во Нојенгаме.

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на меморијалниот споменик Нојенгаме Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург