Шварце ЕлстерSaxony at 1911 Britannica Encyclopedia.<ref>Elbe River Basin by the International Commission for the Protection of the Elbe River.</ref>Elbe at waterwiki.net. или Црн Елстер (, ) — 179 километри долга река во источна Германија, во покраините Саксонија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт, десна притока на Елба. Нејзиниот извор е во областа Горна Лужица, близу Елстра.

Шварце Елстер тече низ градовите Каменц, Хојерсверда, Зенфтенберг, Лаухамер, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг и Јесен. Се влева во реката Елба кај Елстер (Елба), спротивно од течението на реката од Витенберг.

Географија

Реката извира од Лужичките Возвишенија (Горна Лужица) околу 1,5 километри јужно од селото Киндиш во округот Елстра на источниот дел на 396 метри високиот Купе, полуврв на Хохштајн. Оттука, Шварце Елстер првично тече кон север низ Елстра, Каменц, Милстрих и Витихенау, од Хојерсверда тече кон запад до Елстерхајде. Потоа низводно, по 63 километри, ја сече границата на Саксонија и Бранденбург и тече низ Зенфтенберг, Руланд и Лаухамер до Елстерверда. Оттука, тече кон северозапад низ Бад Либенверда, Херцберг и Јесен пред да се влее во Елба во општината Елстер (Елба) (на 198,5 километар).

Најважни притоки на Шварце Елстер'' се Хојерсвердаер Шварцвасер, Пулсниц, Гросе Редер, Клајне Елстер и Швајницер Флис.

Притоки

Леви притоки Десни притоки Кеселвасер, пред Елстра на 197 м Лангес Васер, во Каменц на 177 м Швосдорфер Васер, близу Шидел на 144 м Рокницграбен, близу Скаска на 138 м Косаксграбен, близу Нојвизе на 114 м Шлајхграбен, близу Гроскошен на 103 м Руландер Шварцвасер, близу Руланд на 95 м Зиграбен, по Руланд на 94 м Пулсниц, близу Елстерверда на 88,5 м Гросе Редер, близу Хајда на 87 м Алте Редер, близу Пришка на 86,7 м Клајне Редер, близу Бад Либенверда на 86,3 м Нојграбен, близу Грабо на 71 м Јауер, близу Дојчбазелиц на 148 м Клостервасер, близу Котен на 128 м Ралбицер Тајхвасер, пред Хоске на 127 м Хојерсвердаер Шварцвасер, близу Хојерсверда на 118 м Зорнер Елстер, близу Клајнкошен на 102 м Рајница, близу Бухвалде (Зенфтенберг) на 100 м Песниц, близу Шварцхајде на 97 м Хамерграбен, близу Плеса на 90 м Клајне Елстер, близу Варенбрик на 84 м Швајницер Флис, близу Швајниц на 71,3 м

Историја

Фелдмаршалот Блихер ја преминал реката Елба близу нејзиното влевање со Шварце Елстер на 3 октомври 1813 на неговиот марш кон Лајпциг.Џорџ Врајт (1836). A New and Comprehensive Gazetteer, Volume 3, p. 78.

Поврзано

Постои, исто така и река Вајсе Елстер во источна Германија.

Наводи

Категорија:Басен на Шварце Елстер Категорија:Реки во Бранденбург Категорија:Реки во Саксонија Категорија:Реки во Саксонија-Анхалт Категорија:Географија на Лужица