thumb|Лозја кај Фрајбург.
Зале-Унштрут () — регион за квалитетно вино во Германија,Wein.de (Германско земјоделство друштво): Зале-Унштрут , read on January 2, 2008 и го добил името од реките Зале и Унштрут. Регионот се наоѓа на различни ридски падини околу овие реки. Поголемиот дел од регионот, околу 685 хектари во 2008 под винова лоза се наоѓа во покраината Саксонија-Анхалт и околу 20 хектари во покраината Тирингија.
Географија и клима
Зале-Унштрут е најсеверниот вински регион во Германија и еден од најсеверните традиционални вински региони во Европа. Вината од опатијата Мемлебен биле спомната во литературата уште во 998 година. Поради постудената клима Шпетлезе или Ауслезе може да се произведуваат само во исклучително топли години и приносите се генерално слаби.
Регионот во округот Бургенланд има вински пат, кој бил отворен во 1993.
Видови грозје
Најпознатите видови на грозје се белите видови Милер-Тургау, на 126 хектари или 18,4% од лозовите насада во 2008 и Вајсбургундер (Пино блан) на 12,1%. Белите видови грозје се присутни на 74% од плантажите во Зале-Унштрут. Видовите како Милер-Тургау и Силванер, кои насекаде се сметаат дека даваат вино со просечен квалитет, понекогаш се сметаат дека даваат подобри вина во ладна клима како во Зале-Унштрут. Вината се прават од една сорта вина, како повеќето германски вина и генерално се винифицираат суви со освежувачка киселост, што резултира од растењето во ладни услови.
Најмногу засадени видови грозје, по површина во 2008, биле:
Милер-Тургау, 126 ha (18,4%) Вајсер Бургундер, 83 ha (12,1%) Силванер, 57 ha (8,3%) Ризлинг, 50 ha (7,3%) Дорнфелдер, 50 ha (7,3%) Сино португалско, 46 ha (6,7%) Кернер, 45 ha (6,6%) Грауер Бургундер, 33 ha (4,8%) Бакхус, 32 ha (4,7%) Ротер Траминер, 29 ha (4,2%) Шпетбургундер, 27 ha (3,9%) Гутедел, 24 ha (3,5%) Регент, 19 ha (2,8%) Цвајгелт, 19 ha (2,8%)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вински региони во Германија Категорија:Региони во Тирингија Категорија:Бургенланд (Германија) Категорија:Региони во Саксонија-Анхалт