мини|десно|450px|Текот на Средногерманскиот Канал.

Средногермански Канал, () — главниот канал во централна Германија. Претставува важна алка во мрежата на водени патишта на државата, обезбедувајќи главен исток-запад внатрешен пловен пат. Неговото значење ја надминува Германија, поврзувајќи ги Франција, Швајцарија и земјите на Бенелукс со Полска, Чешка и Балтичкото Море.

Со 325,7 километри во должина,Elwis database WSD Mitte и WSD Ost Средногерманскиот Канал е најдолгиот вештачки воден пат во Германија.

Тек

Средногерманскиот Канал се разгранува на Каналот Дортмунд-Емс кај Херстел (близу Рајне, ), оди северно низ Тојробуршката Шума, го поминува Хановер и се сретнува со реката Елба близу Магдебург (). Близу Магдебург се поврзува со Каналот Елба-Хафел, правејќи ја пловна бродска рута до Берлин и до Полска.

Кај Минден, Каналот ја поврзува реката Везер пред два аквадукти (вториот завршен во 1998) и близу Магдебург ја поминува Елба, исто така со аквадукт. Врски со странични канали постојат кај Ибенбирен, Оснабрик, Минден (два канало го поврзуваат со Везер), Хановер-Линден, Хановер-Мисбург, Хилдесхајм и Залцгитер. Западно од Волфсбург, страничниот канал на Елба се разгранува, обезбедувајќи врска до Хамбург и (преку Канал Елба-Либек) до Балтичкото Море.

Историја

Изградбата на Средногерманскиот Канал била започната во 1906, почнувајќи од Бергесхефеде (општина Херстел) на Каналот Дортмунд Емс. Секцијата до Минден на Везер била отворена во февруари 1915 и првично била именувана како Ems-Weser-Kanal. Секцијата од Минден до Хановер била завршена во есента 1916. Делот до Зенде и разгранувачкиот канал до Хилдесхајм биле завршени во 1928, Пајне бил поврзан во 1929 и Брауншвајг во 1933. Конечниот дел до Магдебург бил отворен во 1938, така создавајќи директна врска помеѓу Западна и Источна Германија. Посебниот канал до Залцгитер бил отворен во 1941. Планираниот канализиран мост преку Елба, потребно да се избегне недостигот на вода, не бил изграден поради Втората светска војна.Wasser- und Schifffahrtsamt Minden

По поделбата на Германија по Втората светска војна, Средногерманскиот Канал бил поделен помеѓу Западна Германија и Источна Германија, со границата на исток на Волфсбург. За да се обезбеди пристап од западниот дел на каналот до Хамбург и Северна Германија, избегнувајќи ја Источна Германија и понекогаш ограничената пловност на реката Елба, Страничниот канал на Елба бил отворен во 1977.

По реобединувањето на Германија, важноста на Средногерманскиот Канал како врска од Западот до Берлин и Истокот била засилена. Проектот за мостот на Елба повторно бил обновен и како резултат на тоа, Водениот мост Магдебург бил отворен во 2003, обезбедувајќи директна врска со Каналот Елба-Хафел.

Градови на Средногерманскиот Канал

Ибенбирен Оснабрик (преку врска) Брамше Либеке Минден Гарбзен Хановер Зенде Хилдесхајм (преку врска) Пајне Залцгитер (преку врска) Брауншвајг Волфсбург Халденслебен Магдебург

none|750px|thumb|Панорама на пристаништето Брауншвајг на Средногерманскиот канал, кај Ватенбител, Брауншвајг.

Градби

Аквадукт Минден () Воден мост Магдебург ()

Галерија

Наводи

Категорија:Канали во Долна Саксонија Категорија:Канали во Германија