Елпска филхармонија или наречена ЕлфиStars kommen zu "Elphi"-Konzerten (Welt)Liegt der Michel-Fluch auf der Elphi? (Bild) (; Elphi) е концертна сала во изградба во квартот Хафен Сити во Хамбург, Германија. Концертната сала е проектирана од Herzog & de Meuron на местото на едно старо складиште („Kaispeicher A“). Ќе биде највисоката населена зграда во Хамбург, со височина од 110 метри.
На 2 април 2007, Првиот градоначалник на Хамбург Оле фон Бојст, Хенер Малштет, Hochtief Construction AG, проектниот координатор Хартмут Вегенер, министерот за култура на Хамбург Карин фон Велк и архитектот Пјер де Мерон го поставиле камен-темелникот во складиштето Kaispeicher A. Во 2007, изградбата требало да биде завршена во 2010 со проценети трошоци на 241 милион евра.
Во ноември 2008, се изменил првичниот договор, па така трошоците на проектот сега биле проценети на 450 милиони евра.
Во август 2012, трошоците повторно биле препроценети и сега се очекувало да бидат над 500 милиони евра, што требало да ги покријат трошоците за зајакнување на кровната конструкција. Датумот на завршување бил поместен во летото 2015, како најрано очекуван.
Моментално се очекува градежните работи да завршат во октомври 2016, а најраниот датум на отворање се предвидува да биде пролетта во 2017.
Источниот дел од градбата ќе биде наменет за хотелот „Westin Hamburg“, кој се очекува да се отвори во 2014.http://www.starwoodhotels.com/westin/property/overview/index.html?propertyID=3579 Горните катови западно од концертната сала ќе се наменат за апартмани.
Наводи
Надворешни врски
Елпска филхармонија
Категорија:Згради и градби во Хамбург Категорија:Култура на Хамбург Категорија:Концертни сали во Германија Категорија:Модерна архитектура во Германија Категорија:Знаменитости во Хамбург