Воведението на Пресвета Богородица или Света Пречиста — македонски православен храм во скопското село Идризово. На местото на сегашната црква уште од најстари времиња бил поставен крст исклесан од камен. Не се знае кога бил поставен крстот. Но на ова место луѓето уште од минатото ја прославувале селската слава во чест на Свети Јован Крстител (во јануари). Црквата, по иницијатива и со пари од месното население, започнала да се гради 1996 година, а била осветена 1998 година.
Поврзано Црква „Св. Илија“; Црква „Св. Троица“ - црква во Нова Колонија;
Категорија:Идризово Идризово Категорија:Македонската архитектура во 1998 година