Бентон (англиски: Benton County) е округ во американската сојузна држава Орегон. Името на округот потекнува од Томас Харт Бентон, американски сенатор кој се залагал за американска контрола над Орегон. Во 2010 година округот имал население од 85,579 жители.
Демографија Според пописот од 2000 година, во округот живееле околу 78,153 луѓе, 30,145 домаќинства и 18,237 семејства. Густината на населението во округот е 116 жители на километар квадратен.
89.16% белци 0.84% црнци 0.79% староседелци 4.49% Азијци 0.24% луѓе од Тихиот Океан 1.92% останати раси 2.56% мешани
Инкорпорирани градови
Адеир Вилиџ (Орегон) Албени (Орегон), само мал дел Корвалис (Орегон) Монро (Орегон) Филномат (Орегон)
Поврзано Орегон САД
Надворешни врски Портал на окружната власт
Категорија:Окрузи во Орегон Категорија:Населени места основани во 1847 година