Регионот Магдебург, познат и како регион Елба-Берде () — името на централниот регион во покраината Саксонија-Анхалт во Северна Германија. Вклучува предели од Магдебуршко Берде, Јерихов Ланд, северниот дел од Харц и Колбиц-Лецлинген. Центарот на регионот е градот Магдебург; други важни градови се Халденслебен, Ашерслебен, Штасфурт, Ошерслебен, Шенебек (Елба) и Бург. На исток од Елба-Берде се протега соседниот регион Анхалт-Витенберг. На југ се наоѓа Харц и Зале-Унштрут, на север е Алтмарк. Регионалната туристичка агенција го користи името Елба-Берде, кое првично доаѓа од регионалното планирање и било првпат употребено во 1990-тите. Моментално е користено на полето на туризмот за регионален маркетинг.

Окрузи

Берде Јериховер Ланд Залцландкрајс Слободен град Магдебург

Општините во регионот Елба-Берде прават заеднички инфраструктурни планови и се обидуваат да се претстават заеднички на надворешни страни.

Надворешни врски

www.elbe-boerde-heide.de www.regionmagdeburg.de

Категорија:Региони во Саксонија-Анхалт