Древеник — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на планината Древеник.
Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Древеник живееле 415 жители, сите Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Древеник се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 66 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.
Во 2002 година во селото живеееле 26 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, лица без податоци.
Родови Според истражувањата од 1955 година, родови во селото
Древеник е албанско муслиманско село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Древеник се: Беколар (8 куќи), Дединовци (5 куќи), Далиповци (8 куќи), Дучелар (3 куќи), Нурелар (5 куќи), Мучелар (2 куќи), Дауталар (2 куќи), Јаупалар (4 куќи), Небиалар (3 куќи), Металар (3 куќи), Мисирли (1 куќа), Имерлар (1 куќа) и Османлар (1 куќа), повеќето родови во селото се доселени на почетокот од XIX век, од разни места во Северна Албанија. Во родот Беколар се знае следното родословие: Сулејман (жив на 55 г. во 1951 година) Фаик-Шериф-Весел-Беко, кој се доселил. Во родот Дединовци се знае следното родословие: Изет (жив на 77 г. во 1951 година) Исмаил-Дедин-Ибраим, кој се доселил во селото. Во родот Далиповци се знае следното родословие: Рамо (жив на 49 г. во 1951 година) Бајрам-Зибер-Далип-Алим, кој се доселил во селото; Суљовци (1 куќа) доселени се од селото Пресил, каде имаат истоимени роднини.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 201 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лопатица.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 250 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Кале — населба од доцноантичко време; Чагорско Кале — населба од доцноантичко време;
Џамии Џамија — главна селска џамија
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво До 1912 година година албанците од селото претежно се иселувале во Битола. До 1955 година се иселиле 40 семејства, и тоа во Битола, Турција (Истанбул), Доленци, Трновци, Мургаш.
Поврзано Древеник (планина)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола