thumb|Алтенгаме околу 1790 (Историска карта на Густаф Адолф фон Варендорф)
Алтенгаме се наоѓа во округот Бергедорф на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Квартот е претежно рурален и се наоѓа на десниот брег на реката Елба. Алтенгаме е најисточниот дел на Хамбург.
Географија
Квартот има вкупна површина од 15,6 км2. Квартот се состои од населбите Алтенгаме и Боргхорст и околните земјоделски фарми. Западната граница е со квартовите Курслак и Нојенгаме, со реката Дофе Елба како нејзина граница. На исток и север е покраината Шлезвиг-Холштајн со округот Лауенбург. На југ со реката Елба е границата со Долна Саксонија со округот Харбург.
Демографија
Густината на населеност била 141 жител на км2}. 19,3% биле деца под 18 години, а 19,7% имале 65 или повеќе години. 1,9% биле странци. 43 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
thumb|right|Црква Свети Никола
Во 1999, постоеле 854 домаќинства, од кои 30% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 21,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,5.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Во 2006, имало 52 кривични дела (24 дела на 1000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Население по години
Население се брои од службата за пријавување граѓани на 31 декември секоја година.
1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1.997 1.984 1.969 1.994 2.012 2.034 2.040 2.049 2.055 2.070 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2.083 2.096 2.097 2.107 2.123 2.132 2.140 2.135 2.198 2.198 2007 2008 2009 2010 2011 2.220 2.194 2.192 2.171 2.204
Образование
Имало 1 основно и ниту едно средно училиште во квартот Алтенгаме.
Инфраструктура
Здравствен систем
Во Алтенгаме има 1 градинка за деца и исто така 3 лекари во приватни ординации и нема ниту една аптека.
Сообраќај
Алтенгаме не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови или подземната железница. Јавниот превоз е обезбедуван со автобуси.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 1.185 приватни возила (539 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Имало вкупно 5 сообраќајни несреќи, сите 5 со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Додатна литература
Hans-Karl Lange: Altengamme im Wechsel und Wandel von acht Jahrhunderten. In: Lichtwark. 51. Publisher: Lichtwark-Auschuß, Bergedorf, 1987. See now: Publisher: HB-Werbung, Hamburg-Bergedorf. HARRI (Pseudonym for Harald Richert): Die älteren Kirchenglocken des ehemaligen Amtes Bergedorf . In: Lichtwark-Heft| 69. Publisher: HB-Werbung, Hamburg-Bergedorf.
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург