Проширувањето на еврозоната претставува тековен процес во рамките на Европската Унија (ЕУ).Сите земји-членки на ЕУ,освен Германија,Обединетото Кралство и де факто Шведска, по исполнувањето на критериумите се обврзани да го усвојат еврото како нивна еднствена валута.Ова вклучува две години членство во Европскиот механизам на девизен курс(ЕРМ II) и одржување на инфлација порамнета со просекот на ЕУ.
Единаесет земји-членки на Европската Унија беа дел од почетната обука во 1999 г.Грција се приклучи во 2001 г. пред монетите и банкнотите да бидат пуштени во употреба,а државните валути да бидат повлечени од употреба.Словенија се приклучи кон еврозоната на 1 јануари 2007 г.,Кипар и Малта на 1 јануари 2008 г.,Словачка се приклучи на 1 јануари 2009 г.,а Естонија на 1 јануари 2011 г.
Од останатите земји коишто се на програмата за влез,најбрзо може да очекуваат да се приклучат во 2014 г.Данска не е обврзана да се приклучи,но се дебатира околу спроведување на референдум во врска со укинувањето на правото да не се учествува во еврозоната.Ако земјата се одлучи да направи така можеби ќе се приклучи побрзо кон еврозоната,затоа што Данска е веќе дел од ЕРМ II.Обединетото Кралство и Шведска не се членки на ЕРМ II. Критериум за пристапување
Под услов една земја официјано да стане членка на еврозоната(притоа самостојно да може да кова свои монети),таа мора првен да биде членка на Евроспката Унија,а потоа да исполни одредени економски критериуми,вклучувајќи го приклучување кон ЕРМ II,при што се одредува девизниот курс на државната валута во однос на еврото на земјата која што пристапува кон еврозоната,во рамките на определен опсег (вообичаено со ±15%).
Европските микродржави коишто имаат потпишано монетарни договори со земјите пристапнички можат да продолжат со исполнувањето на договорите и да коваат одделни монети за пристапување на поголеми земји,но немаат право да глас во врска со економијата на еврозоната.Ова беше искористено за да и́ се дозволи на државата Монако,Сан Мрино и Ватикан да коваат свои монети, а исто така и Андора преговара за сличен договор.
Во 2009 г. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предложи дека на земјите треба да им се дозволи “делумно да го усвојат” еврото,при што ќе им се овозможи да го користат еврото,но нема да имаат претставник во Европската централна банка
Земја Стапка на инфлација Годишен дефицит на владата во однос на БДП Бруто долг на владата во однос на БДП Членство во ЕРМ II Долгорочна каматна стапкаЗемји членки на ЕУ Бугарија 1.7% 2.8% 17.4% 6.9% Чешка 0.3% 5.7% 39.8% 4.7%Данска 2.1% -3.9% 41.6% Од 1 јануари 1999 год 3.4% Унгарија 4.8% 4.1% 78.9% 8.4%Латвија 0.1% 8.6% 48.5% Од 2 мај 2005 г. 12.7% Литванија 2.0% 8.4% 38.6% Од 18 јуни 2004 г. 12.1% Полска 3.9% 7.3% 53.9% 6.1% Романија 5.0% 8.0% 30.5% 9.4% Шведска 2.1% 2.1% 42.6% 3.3% Обединетото Кралство 3.0% 7.1% 68.1% 3.98% Земји што не се членки на ЕУ Албанија 3.3% 0.4% 55.9% Босна и Херцеговина 1.5% o.35% 3.4% Хрватска 1.8% 2.2% 40.8% Ирска 1.8% -5.19% 103% Македонија 3.2% 0.6% 39.5% Црна Гора 0.7% 38% Норвешка 2% -17.27% 53% Србија 10.3% 0.48% 37% Швајцарија 0.9% -1.0% 41.3% 1.46% Турција 5.08% -1.3% 38.8%
Проширувањата во текот на минатото
Првото проширување,приклучувањето на Грција,беше на 1 јануари 2001 г.пред печатењето на еврото во 2002 год,но после неговото формално создавање во 1999 г.Првото проширување по 2002 г. беше приклучувањето на земјите кое што се случи во 2004 г.Првен Словенија,со заменувањето на словенечкиот толар на 1 јануари 2007 г.,а потоа на 1 јануари 2008 г. се приклучија и Кипар и Малта.На 1 јануари 2009 г.Словачка ја замени својата коруна за еврото и на 1 јануари 2011 г.Естонија на исто така ја замени својата круна со еврото.
Новите земји-членки на ЕУ коишто заеднички се приклучија во петтиот бран проширување (2004-2007) се обврзани да го усвојат еврото според условите во нивните договори за пристапување.Сепак,во септември 2011 г. Бугарија, Чешка, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Романија рекоа дека еврозоната во која тие мислеле да се приклучат,еден монетарен сојуз,може да заврши како една многу по различна унија која наметнува по големо фискално,економско и политичко приближување.Според дипломатски извор близок на АФП сите седум земји се согласија со тоа дека промена во правниот статус на еврозоната може да ги промени условите во нивните договори за пристапување,при што тие може да бидат принудени да подготват нов референдум за прифаќањето на еврото.
Членки на Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II)
Освен Данска и Обединетото Кралство коишто имаат право да не бидат членки на еврозоната според Мастришкиот Договор,сите други земји-членки на ЕУ се правно обврзани да се приклучат кон еврозоната.Следниве земји се имаат приклучено кон ЕРМ II и треба да поминат две години за да можат да го усвојат еврото.
Процес на усвојување на еврото од земјите-членки Валута Код Централен курс Службен датум Очекуван датум за влез Британска фунта - Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозоната Гибралтарска фунта GIP - Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозонатаБугарски лев BGN 1.95583 - 2015 Чешка коруна CZK - - 2017 Данска круна DKK 7.46038 Право да не биде членка на еврозоната Право да не биде членка на еврозоната Унгарски форин HUF - - 2014 Латвиски лац LVL 0.702804 1 јануари 2014 2014 Литвански литас LTL 3.45280 2014 Полска злота PLN - - 2015 Романска леа RON 2015 - 2015 Шведска крона SEK - - -
Данска
Данска ја имаше врзано нејзината круна со еврото (1 евро = DKK 7.46038 ± 2.25%),а круната останува во ЕРМ.Во декември 1992 г.Данска преговараше околу некои клаузули за правото да не биде членка на еврозоната од Мастришкиот договор наспроти Договорот од Единбург,вклучувајчи го и тоа да не се прифати еврото како валута.Ова беше направено според Маструшкиот договор што не го прифатија граѓаните на Данска на референдум на почетокот од годината.Како резултат на промените,Договорот конечно беше ратификуван на референдумот којшто следуваше во 1993 г.На 28 септември 2000 г.беше одржан уште еден референдум во Данска во врска со еврото.53% од граѓаните гласаа да не се приклучат кон еврозоната.
На 22 ноември 2007 г.новата реизбрана влада на Данска објави дека почнувајќи од 2011 г. има намера да одржи нов референдум за укинувањето на четирите клаузули во врска со правото да не биде членка на еврозоната,вклучувајќи ја и онаа за еврото.Секоја година се правеа по неколку анкети.Во 2008 и 2009 г. тие не покажуваа дека граѓаните на Данска постојано го поддржуваат ставот за прифаќање на еврото.
Економската криза предизвика дебата и во Фарските острови,автономната данска колонија која што не е членка на ЕУ,во врска со тоа дали островите треба да ја усвојат валутата заедно со другите земји што не го користат еврото,затоа што претходно тие ќе ја задржеа својата валута доколку Данска го усвоеше еврото.
Латвија
Латвија е член на Европската Унија од 1 мај 2004 г. а исто така и на Економскиот и монетарен сојуз на Европската Унија.Нејзината валута,латвискиот лац,е членка на ЕРМ II,и варира за помалку од 1% од цетралниот курс, Ls 0.702804 = €1.Латвија во почетокот планираше да го усвои еврото на 1 јануари 2008 г. но тоа беше одложено неколкупати.Откако беше избран во 2011 г.Претседателот на Латвија Андрис Берзинш има за цел неговата држава да се приклучи кон еврозоната во 2014 г.”Лично јас сум оптимист и верувам дека ќе го усвоиме еврото на 1 јануари 2014 г.Тоа е нашата цел и ние напорно работиме да го спроведиме овој процес.”,вели тој.
Литванија
Литванскиот литас е дел од ЕРМ II и во пракса е врзан за еврото со курс од 3.45280 лити = 1 евро.Литванија на почетокот го постави 1 јануари 2007 г. како датум на која ќе почне да го користи еврото,но нејзиното барање беше одбиено од Европската комисија затоа што инфлацијата беше малку повисока (0.1%) од дозволениот максимум.Во декември 2006 г. Владата одобри нов план за конвергенција.Додека Владата тврди дека сака да се приклучи кон еврозоната “колку што е можно подргу” таа рече дека очекуваниот раст на инфлацијата во 2007 и 2008 г. ќе биде најповолниот период за приклучување кон еврото,а тоа би било 2010 г. или подоцна.Во декември 2007 г.Премиерот Гедиминас Киркилас рече дека Литванија ќе биде спремна да се приклучи во 2010 или 2011 г.,но зголемувањето на инфлацијата во 2008 г. ги натера банкарските аналитичари да го променат својот став за очекуваниот датум за приклучување и тоа да биде најрано до 2013 г.За време на Европската суверена криза во 2010 г.,очекуваниот датум се помести дури за 2014 г.
Литванија се заинтересира за предлогот од ММФ дека земји којшто не се во можност да ги исполнат критериумите од Мастришкиот договор се способни делумно да го усвојат еврото,да ја употребуваат валутата но да немаат право на претставник во Европската централна банка.
Земји што се обврзани да се приклучат
Слениве земји-членки треба првен да се приклучат кон ЕРМ II а потоа да го усвојат еврото:
Бугарија
Левот не е дел од ЕРМ II но е врзан со еврото од неговиот постоење (1 евро=1.95583).Претходно беше врзан на исто ниво со германската марка.Оттука, Бугарија веќе ги исполни најголемиот дел од критериумите на Европскиот економски и монетарен сојуз (ЕМУ) за членство и од 2009 г. мора да ги почитува критериумите од Мастричкиот договор за да се приклучи кон еврозоната во 2012 г.,можниот рок кој го постави францускиот министер Пламен Орешарски.
Додека одборот задолжен за валутите којшто ја врзува Бугарија со еврото се смета како корисен за државата,навремено исполнувајќи ги критериумите на ММФ,ЕЦБ ја притиска Бугарија да се откаже од Одборот затоа што не знае како да и дозволи на една земја која што користи одбор задолжен за валути да се приклучи кон еврото.Премиерот изрази желба да го задржат одборот задолжен за валутите до усвојувањето на еврото.Сепак,факторот висока инфлација,нереален девизен курс со еврото и ниската продуктивност на земјата се негативно погодени од системот.
Бугарија исполнуви три,а не успеа да исполни еден од критериумите кои се услов за влез во еврозоната.Таа е потценета во врска со критериумот за стабилноста на цената,којшто предвидува дека инфлацијата не ја надминува онаа на трите земји-членки на ЕУ со најниска инфлација (Малта,Холандија и Данска) со повеќе од 1.5%.Инфлацијата во Бугарија за време на дванаесетте месеци до март 2008 г. достигна 9.4%,и тоа над референтната вредност од 3.2%,како што се вели во извештајот.
Од друга страна,Бугарија ги исполнува критериумите за државниот буџет,при што се предвидува дека дефицитот не треба да надминува повеќе од 3% од бруто-домашниот производ на државата(БДП).Во изминатите неколку години,како што се вели во извештајот,земјата постојано ги подобрувала своите буџетски основи од 2003 г.,и затоа имаше буџетски суфицит и во 2007 г. беше на 3.4% од БДП.ЕК предвидува дека ќе се задржи на 3.2% од БДП и во 2008 и во 2009 г.
Во поглед на државниот долг,Бугарија,исто така, е во рамките на пропишаното правило до 60% од БДП.Владините долгови,исто така,постојано се намалуваа,од 50% од БДП на 18% во 2007 г.Очекувањата се дека ќе достигне 11% од БДП во 2009 г.
Бугарија се очекуваше да пристапи кон ЕРМ II во ноември 2009 г.,но оваа дата беше поместена.На 22 декември 2009 г.бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков рече дека државата ќе поднесе барање за членство во ЕРМ II во март 2010 г.,но поради висок дефицит Бугарија нема да стане членка на механизмот ЕРМ II во 2010 г.
Неодамнешна анализа вели дека Бугарија нема да може да се приклучи во еврозоната порано од 2015 г. поради високата инфлација и последиците од светската финансиска криза во 2008 г.
Чешка