Минусинск (руски: Минуси́нск) — град во Краснојарскиот крај во Русија. Се наоѓа во Јужен Сибир, на брегот на реката Енисеј. Има околу 71.000 жители (2010 година).
Како руска населба, Минусинск е основан во 1739 година, а станува град во 1822 година.
Во историјата градот служел како место за политички егзил. Додека бил во егзил во блиското село Шушенское помеѓу 1897 и 1900 година, Владимир Ленин често го посетувал Минусинск. Во Минусинск бил интерниран и македонскиот револуционер Христо Зарезанков во периодот од 1935 до 1938 година, кога бил погубен.
Наводи
Категорија:Градови во Краснојарскиот крај Категорија:Населени места основани во 1739 година