мини|десно|Кејт Бекинсејл во 2011 г. Кетрин „Кејт“ Бекинсејл (р. 26 јули 1973) — англиска глумица. По некои мали телевизиски улоги, го направи своето деби во филмот "Многу врева за ништо" ("Much Ado About Nothing"), од 1993 година додека сè уште студираше на Универзитетот "Оксфорд". Таа потоа се појави во британските костум драми како што се: "Принцот од Џатланд"("Prince of Jutland") од 1994 година, "Студената удобна фарма"("Cold Comfort Farm") од 1995 година, "Ема"("Emma") од 1996 година и "Златниот Пехар"("The Golden Bowl") од 2000 година во прилог на разни сценски и радио продукции. Почна да бара работа во САД во доцните 60-ти години, а откако се појави во малите драми како што се: "Последните денови на диско"("The Last Days of Disco"), од 1998 година и "Броукдаон Палас"("Brokedown Palace") од 1999 година, имаше пробивна година во 2001 година, со главна улога во воениот епик "Перл Харбор"("Perl Harbor") и романтичната комедија "Среќна случајност"("Serendipty"). Го изгради својот успех со појавување во филмот “Авијатичарот” од 2004 година, и филмот "Клик"("Click") од 2006 година. Бекинсејл освои репутација како акциска ѕвезда со појавување како вампир во филмот "Подземен свет"("Underworld") од 2008 година и оттогаш глуми во филмот "Ван Хелсинг"("Van Helsing") од 2004 година, "Подземен свет: Еволуција"(Underworld: Evolution") од 2006 година и "Вајтаут"("Whiteout") од 2009 година. Исто така таа продолжи да работи на помали драмски проекти како што се: "Снежни ангели"("Snow Angels") од 2007 година, "Крилести суштества"("Winged Creatures") од 2008 година, "Ништо друго освен вистината"("Nothing But The Truth") (за кој доби номинација од "Критикс Чојс Авардс"("Critic's Choice Award Nomination") во 2008 година) и "Сите се добро"("Everybody'fine") од 2009 година. Има три филмски сета за издавање во 2012 година: четвртото продолжение на вампирската франшиза "Подземен свет: Будење"("Underworld: Awakening"), криминалниот трилер "Контрабанда"("Contraband") и научно фантастичниот римејк "Тотал Рикал("Total Recall"). Таа е единствено дете на глумците Ричард Бекинсејл (1947- 1979 година) и Џуди Ло и израсна во Лондон. Имаше осумгодишна врска со велшкиот глумец Мајкл Шин, од 1995 до 2003 година. Имаат една ќерка. Се омажи за американскиот филмски режисер Лен Вајсмен и живеат во Лос Анџелес, Калифорнија. Списанијата како што се "Есквајар("Esquire") и магазинот "Луѓе"("People") постојано ја вклучуваат во нивното годишно рангирање на најсекси и најубави жени на светот. Повремено има работено како телевизиски модел и печатени кампањи за промоција на диетална Кока Кола, вотката "Абсолут"("Absolut") и шампонот "Лукс"("Luks").
Младост Бекинсејл е родена во Лондон, Англија, најмалотот дете на глумецот Ричард Бекинсејл и глумицата Џуди Ло. Го имаше својот прв телевизиски настап на четири годишна возраст во епизода од серијата "Ова е твојот живот"("This is Your Life") посветена на нејзиниот татко. Кога имаше шест години, нејзиниот 31 -годишен татко ненадејно почина од срцев удар. Бекинсејл беше длабоко потресена од загубата и "почна да очекува лоши работи да се случуваат". Додека го гледаше својот татко "повеќе на телевизија отколку во животот" , "секако дека постојат доволно спомени за мене за да не се чувствувам дека е некој што не го знаев". Нејзината мајка вдовица се пресели со режисерот Рој Батерсбај кога Бекинсејл имаше девет години и таа беше израсната заедно со неговите четири сина и ќерка. Таа беше блиска со нејзиниот очув "Не можев да имам подобар…Не беше напорен, ми дозволи да дојдам до него". Има полусестра од нејзиниот татко, глумицата Саманта Бекинсејл, но никогаш немале редовен контакт. Бекинсејл се школуваше во училиштето "Годолфин и Латмар"("Godolphin and Latymer") во западен Лондон и учествуваше во театарот "Оранџ Три Јоут"("Orange Tree Youth Teatre"). Во тинејџерските години таа двапати победи на натпреварот за млади пистели "Дабл ју Ејч Смит"("W.H.Smith") – еднаш за раскази и еднаш за поезија. Се опиша себеси како "што цути подоцна": "Сите мои пријатели бакнуваа момчиња и пиеја вино многу порано од мене. Ми беше навистина депресивно што не палевме огнови во камп и секој правеше работи за возрасни. Мразев да бидам тинејџер". Таа имаше нервен слом и развиена анорексија на возраст од 15 години и беше подложена на Фројдовата психоанализа четири години. Читаше француска и руска литература на колеџот "Њу"(New College") на Универзитетот "Оксфорд" и подоцна беше опишана од еден современ новинар, Викторија Корен, како "многу бистра, малку чукнатаи многу шармантна". Таа учествуваше во "Драматик Сосајати"("Dramatic Society") на Универзитетот "Оксфорд", особено во режија на соученикот Том Хупер, во продукција на драмата "Поглед од мостот"("A View from the Bridge") во театарот во Оксфорд. Ја помина својата трета година во Париз како дел од програмата за размена на студенти од Оксфорд, по што таа одлучи да го напушти универзитетот за да се сконцентрира на нејзината развиена глумечка кариера."Доаѓаше до тоа што јас не уживав доволно во двете работи бидејќи создаваат голем притисок. Горев и знаев дека мора да донесам одлука".
Кариера 1991- 1997 година: Рани улоги Бекинсејл на рана возраст одлучи дека сака да биде глумица: "Пораснав потопена во филм. Моето семејство беше во бизнисот. Брзо сфатив дека моите родители како повеќе да уживаа во својата работа отколку родителите на некои од моите пријатели". Таа го направи своето телевизиско деби во 1991 година со мал дел во новелата "Девајсес енд Дезајарс"("Devices and Desires") на Пи Ди Џејмс во адаптација на телевизиската мрежа "Ај Ти Ви"("ITV"). Истата година се појави како млада привлечна жена во забранета врска со нацистички офицер во филмот "Уан Агенст Д Винд"("One Against The Wind") на програмата "Халмарк"("Hallmark"). Во 1992 година, глумеше заедно со Кристофер Еклестон во серијата "Сонот на Рејчел"("Rachel's Dream") на програмата "Канал 4"("Canal 4"), а во 1993 година се појави во пилот емисија на детективската серија "Ана Ли"("Anna Lee") на телевизијата "Ај Ти Ви"("ITV"), во која глуми Имоген Стабс. Во 1993 година, таа ја доби улогата на Херој во големата екранска адаптација на романтичната комедија "Многу врева за ништо"("Much Ado About Nothing") на Кенет Бранаг. Беше снимен во Тоскана, Италија за време на летниот распуст од Универзитетот "Оксфорд". Таа присуствуваше на премиерата на Филмскиот фестивал во Кан и подоцна го запамети како големо искуство. "Никој не ми рече дека може да поведам дури и пријател". "Носев чизми на Док Мартинс и мислам дека го ставив цветот од послужавникот во мојата коса". Питер Траверс од групата "Ролинг Стоун"("Rolling Stone") беше освоен од страна на нејзината "прекрасна" изведба, додека Винсент Кенби од весникот "Д Њуjорк Тајмс"(The New York Times") забележа дека таа и Роберт Шон Леонард "изгледаа добро и се однесуваа со одредена наивна искреност, иако често изгледаа занемени од изненадувања слушајќи ги сложените изрази што ги користе". Таа сними три други филма додека беше на факултет. Во 1994 година се појави како љубовен интерес на Кристијан Бејл во драмата "Принцот од Џатланд"("Prince of Jutland"), филм врз основа на данска легенда која го инспирираше Шекспировиот "Хамлет"("Hamlet"), и глумеше во убиствената мистерија "Анкавард"("Uncovered"). Во 1995 година додека студираше во Париз, го сними на француски јазик филмот "Мари Луис У Ла Пермисион"("Marie Louise Ou La Permission"). Набргу откако го напушти Универзитетот "Оксфорд" во 1995 година, Бекинсејл глумеше во филмот "Студената Удобна Фарма"("Cold Comfort Farm") како Флора Пост, ново сираче од 1930 година, испратена да живее со далечни членови на семејството во руралните области на Англија. Филмот во режија на Џон Шлесингер е адаптација на новелата на Стела Џибонс, а исто така играат Џоана Ламли, Ијан Мек Келен, Руфис Сивл и Стефан Фрај. Бекинсејл првично се сметаше за премногу млада, но доби улога откако напиша молба до режисерот. Доби позитивни критики за нејзината изведба. Емануел Леви од списанието “Викли”беше потсетен на силата на младата Гленда Џексон и шармот на младата Џули Кристи. Кевин Томас од дневниот весник "Лос Анџелес Тајмс"(Los Angeles Times") ја класифицираше глумицата како "уште една од оние безнапорно вешти британски убавици кои го осветлуваат екранот". Џенет Маслин од весникот "Њуjорк Тајмс"("The New Yorl Times") почувствува дека ја игра улогата "со совршена зајадлива самодоверба". Исто така во 1995 година, таа се појави во филмот "Опседнати"("Haunted"), приказна за духови во која Дерек Али од списанието "Варајати"("Variety") почувствува дека таа "го држи екранот" и со физичкиот изглед и со буквалната смиреност. Во 1995 година исто така се виде нејзиното прво професионално сценско појавување како Нина во драмата "Галебот"("The Seagull") во театарот "Ројал"("Royal"). Таа започна романтична врска со партнерот Мајкл Шин, по средбата за време на пробите. "Тој беше младиот лав на театарот". "Бев принудена да се чувствувам многу исплашена". Беше мојата прва изведба и мајка ми исече списанија од него од претходните продукции. И тогаш тој влезе...Беше речиси како: "Боже, добро, сега сум готова. Тоа е тоа, тогаш". ... "Тој е најскандалозната талентирана личност што некогаш сум ја запознала". Арвинг Вордл од весникот "Д Индепендент"("The Independent") почувствува дека "кастингот, вклучувајќи го избувливиот Костја на Мајкл Шин и упорно замрзнатата Нина на Кејт Бекинсејл е главно прецизен". Во почетокот на 1996 година, таа глумеше во уште две драми: "Мила"("Sweetheart") во театарот "Ројал Корт"("Royal Court") и "Часовници"("Clocks") и "Вистлс"(Whistles") во театарот "Буш"("Bush"). Таа потоа глумеше во адаптација на драмата "Ема"("Emma") од Џејн Остин на телевизијата "Ај Ти Ви"("ITV"), играјќи ја Ема на Марк Стронг во улога на Господин Најтли и Саманта Мортон во улога на Хариет Смит. "Не е потребно како Ема" и беше речено на Бекинсејл за нејзиниот лик. "Ја сакаш, но на начин на кој семејството на една тинејџерка би можело да биде разлутено од нејзиното скандалозно однесување и сепак да ја сакаат". Програмата беше емитувана есентта, 1996 година, неколку месеци откако Гвинет Палтроу глумеше во филмска адаптација на истата приказна. Карин Џејмс од американскиот весник "Д Њујорк Тајмс"("The New York Times")почувствува дека додека "Ема" на г-ца Бекинсејл е крајно гледана отколку на г-ца Палтроу, таа е "сосема повеќе веројатна и забавна". Џонатан Браон од весникот "Д Индепендент"("The Independent") ја опиша интерпретацијата на Бекинсејл како "најтрајната модерна изведба" како Ема. Во 1997 година се појави спроти Стјуарт Таунсенд во комедијата "Шутинг Фиш"("Shooting Fish"), еден од најуспешните рекламни британски филмови во таа година. "Само ќе го покажев мојот умник", се сеќава подоцна на почетната аудиција. "Бев исто така под дејство на многу силни аналгетици, па така не беше највообичаен состанок". Али напиша "неверојатна лежерна изведба" додека Томас почувствува дека таа "само сјае како аристократ кој се соочува со катастрофа, со значителна самодоверба". Таа ја раскажа "Ема"("Emma") од Остин за издавачката куќа "Ходер енд Стоугтон Аудио Букс"("Hodder& Stoughton Audio Books") и "Брачна понуда"("The Proposal") од Дијана Хендри за радио станицата "Би Би Си Радио 4"("BBC Radio 4"). Исто така, во 1997 година ја глумеше Јулија на Ромео, во радио продукција на "Ромео и Јулија"("Romeo and Julija") во режија на Шин.
1998-2002 година: Одење во Холивуд