Творештво или креативност — појавата според која некоја личност создава нешто ново што има некоја вредност (производ, решение, уметничко дело, роман, шега, итн). Она што се смета за „ново” може да биде во врска со творецот, или со општеството или областа во која се создава иновацијата. Она што важи за „вредно” исто така се дефинира на различни начини. Научниот интерес за креативноста значително се разликува. Тој опфаќа важни теми поврзани со врската помеѓу креативноста и интелигенцијата, умствените и невролошки процеси поврзани со креативната активност, врската помеѓу карактерните особини и креативната способност, врската помеѓу креативноста и психичкото здравје, можноста за поттикнување на креативноста преку образование и обуки кои особено се зголемуваат со технологијата, примена на постоечките креативни способности на поединецот за подобрување на ефикасноста во процесот на учење и на прилагодениот процес на предавање. Според тоа креативноста и креативните дела ги проучуваат неколку дисциплини: психологија, когнитивна наука, образование, филозофија (особено научната филозофија), технологија, теологија, социологија, лингвистика,деловни студии и економија. Како резултат на тоа постојат мноштво дефиниции и приоди.

Дефиниција Мајкл Мамфорд , во еден краток преглед на научно истражување за креативноста, изјавил : „ Сепак , изгледа дека во текот на минатата деценија постигнавме општа согласност дека креативноста ја вклучува изработката на нови, корисни производи’’ (Maмфорд,2003,p.110) . Покрај оваа општа заедничка особина, авторите драстично се разидуваат во нивните точни дефиниции, а Питер Меусбургер тврди дека во литературата може да се најдат преку сто различни верзии. Аспекти на креативноста Теориите за креативноста (конкретно оние што истражуваат зошто некои луѓе се покреативни од други) се сосредоточуваат на различни аспекти. Најдоминантните најчесто се определуваат како четирите “П’’- процес, производ, личност и место. На процесот обрнуваат внимание когнитивните приоди кои се обидуваат да ги опишат мисловните механизми и техники за креативно размислување. Теориите кои повеќе се повикуваат на дивергентното , отколку на конвергентното размислување(како теоријата на Гилфорд), или оние кои ги опишуваат фазите на креативниот процес(како теоријата Валас), главно се теории за креативниот процес. Фокусирањето кон креативниот производ често се појавува при обиди да се измери креативноста на луѓето или на креативните идеи. Насочувањето кон природата на креативната личност претставува разгледување на поопшти интелектуални навики, како на пример искреност, разновидни идеи, слобода, стручност, однесување насочено кон истражување и трагање итн. При насочување на вниманието кон местото се земаат во обѕир најдобрите услови во кои цути креативноста, вклучувајќи го степенот на слобода, пристапот до ресурси и формата преку која се пренесува идејата. Историска и лична креативност Резултатот од креативноста вообичаено се дефинира на еден или на два начина, или како нешто ново во историјата (и релативно ретко), како научните откритија или големите уметнички дела, или како создавање нешто ново во лична смисла, некоја очигледна иновација на творецот, без оглед на тоа дали и други имаат слична таква иновација, или дали го вреднуваат тоа креативно дело. Постојат автори, како Михајл Чикзентмихаљи, кои ја дефинираат креативноста според некои ретки личности, кои според проценка на други, имале значителни креативни придонеси, често во различна област. (Според тоа , нивото на креативност може да се разликува бидејќи перцепциите се менувале низ историјата). Исто така и Симонтон ја анализирал линијата на движење на кариерата на луѓе кои се креативно истакнати со цел да ги означи тенденциите и показателите на креактивната продуктивност. Автори, како Кен Робинсон и Ана Крафт, се фокусираат на креативноста на населението, особено во однос на образованието. Постојат разновидни натписи за овие две дефиниции. Маргарет Боден прави разлика помеѓу историската креативност (х- креативност) и личната креативност(п-креативност). Ана Крафт прави слична разлика помеѓу високата “висока” и малата креативност ‘‘мало ц’’ . Крафт го цитира размивлувањата Робинсон, кој разликува висока и демократска креативност. Вообичаено е и спојувањето на термините “ Големо Ц” и “Мало Ц”. Козбелт, Беџето и Ринко го користат моделот мало-ц/ Големо-Ц за да ги испитаат поголемите теории за креативноста. Овој приод првично го вовеле Џејмс К. Кoфман и Бегето како модел Четири Ц: мини-ц (трансформативно учење) што ги претставува значајните интерпретации на личните искуства, постапки и претстави; мало-ц (решавање на секојдневни проблеми и креативно изразување); Про-Ц , претставен кај луѓе кои се креативни во својата професија, но не се славни ; Големо-Ц е за оние кои се навистина успешни во својата област. Ова помага да се прави појасна разлика помеѓу аматерот кој не е стручен во некоја креативна област, (пример за тоа се визуелните уметности, астрофизиката и друго) и професионалецот кој бил креативен гениј и квалификуван во некоја област. моделот Четири ц исто така бил наменет да помогне да се приспособат модели и теории за креативноста кои ја истакнувале компетентноста во некоја област за основна компонента и главна преобразба како највисока оценка за креативноста. Тие исто така тврделе дека со тоа се создал корисен образец за анализирање на креативните процеси кај луѓето. Поимот и концептот низ историјата Антички погледи На повеќето антички култури, како и мислители од Стара Грција, Античка Кина и Античка Индија, им недостигал концептот за креативност. Тие на уметноста гледале како на правење откритија , а не како на творење. Старите Грци немале термин кој одговарал на зборовите создава или творец, освен за изразот “ poiein” што значи ‘‘прави ’’, кој се користел за poeiesis (поезија) и за poietes (поет, или некојшто прави нешто). Платон не ја сфаќал уметноста како форма на креативноста. Во делото Држава, тој на поставеното прашање, „ Дали би рекле дека сликарот твори нешто ? ‘‘, одговорил : „ Секако дека не, тој само имитира“. Обично се смета дека поимот „ креативност“ потекнува од христијанството на западната култура, како идеја за возвишена инспирација. Според историчарот Даниел Џ. Бурсин : „раната западна идеја за креативноста била библиската приказна за креативноста претставена во книгата Генезис” . Сепак, сегашното значење на зборот креативност не се појавило сè до ренесансата. Во еврејско- христијанската традиција, креативноста била еднинствено нешто во надлежност на Господ. Се мислело дека луѓето немаат способност да создадат нешто ново, освен дела кои го претставувале Господ. Идеја слична на таа на христијанството постоела во грчката култура, на пример, музите се сметале за непосредна инспирација од Боговите. Римјаните и Грците ја спомнувале идејата за надворешно креативни „daemon“ (грчки) и „genius“(латински), која се поврзува со светото и божественото. И покрај тоа, ниеден од овие погледи не се слични со сегашниот поим за креативноста, а поединечноста не се сметала за причина за креативност сè до ренесансата. Баш за време на ренесансата се гледало на креативноста како на способности на „големите луѓе“, а не како на посредник кон световното. За време на Периодот на просветителството и потоа Во западна Европа , најверојатно до ренесансата, а можеби и потоа, преовладувало отфрлањето на креативноста во полза на откритијата и верувањето дека поединечната творба била божјо дело. Развојот на современиот концепт за креативноста започнува во ренесансата, кога за творењето почнало да се смета дека потекнува од способностите на поединецот, а не од Бога. Но, оваа промена се одвивала постепено и станала очигледна во Периодот на просветителство. Во XVIII век и во Периодот на просветителство креативноста, а особено теоријата на уметноста, почесто се поврзувала со поимот за имагинацијата. Имагинацијата во текстовите на Томас Хоббес станала клучен елемент на човечкото осознавање, а Вилијам Даф бил еден од првите кој ја идентификувал креативноста како посебена особина и ги раздвојувал талентот(продуктивен, но со кој не се прават нови откритија) и генијот. Како одделно и независно поле за изучување, креативноста не добивала големо внимание сè до XIX век. Ринко и Алберт тврдат дека креативноста, како предмет на изучување, започнала сериозно да се појавува со зголемениот интерес за поттикнување на посебните разлики, со појавата на Дарвинизмот, при крајот на 19 век. Тие особено се осврнуваат кон делата на Френсис Галтон, кој преку својот евгенички поглед покажал голем интерес за различните видови на интелигенција, а креативноста ја сфаќал како генијална појава. Во доцниот XIX и XX век, водечките математичари и научници, како Херман Вон Хелмхолтц (1896 година) и Енри Пинкаре (1908 година) почнале да размислуваат и јавно да дискутираат за своите креативни процеси. Од XX век до денес Сфаќањата на Пинкаре и Вон Хелмхолтц се засновале врз раните размислувања за креативните процеси од првите теоретичари како Грахам Валас и Макс Вертхаимер. Валас претставил еден од првите модели за креативните процеси во неговото дело „Уметноста на мислите’’ , објавено во 1926 година. Креативните претстави и илустрации во етапниот модел на Валас може да се објаснат со метод кој се состои од 5 фази: подготовка (подготвување за решавање на проблем со насочување на вниманието на проблемот и разгледување на неговите аспекти) инкубација (проблемот го усвојува несвесниот ум , а надворешно изгледа како ништо да не се случува) претчувство (креативната личност чувтствува дека е блиску до решението) претстава или илустрација (креативната идеја, која не била потисната, се појавува во свесноста) проверка (идејата свесно се проверува, разработува, а потоа се применува)

Моделот на Валас често се разгледува како модел со четири фази. Фазата претчувство се смета за подфаза. Според Валас, креативноста е последица од еволутивниот процес кој им овозможил на луѓето брзо да се адаптираат на променливите средини. Симонтон дава современо гледиште кон овој поглед во својата книга „ Потеклото на генијалноста: Дарвинови погледи кон креативноста’’. Во 1927 година , Алфред Норт Вајтхед предавал теологија во универзитетот во Единбург, а подоцна овие предавања биле објавени во „ Процес и реалност’’. Нему му се припишува создавањето на поимот „креативност’’, кој се користи како последна категорија во неговата метафизичка шема : „ Всушност Вајтхед го создаде поимот- нашиот поим, сè уште се претпочитува негова употреба во литературата, науката и уметностите... поим што за кратко време стана толку популарен и сеприсутен, но неговиот творец Алфред Норт Вајтхед брзо беше заборавен.’’ Формалните психометрички мерења на креативноста, од гледна точка на христијанската психолошка литература, често се смета дека почнале да се применуваат во 1950 год на дваесеттиот век . Џ. П. Гилфорд се посветил на Американското здружение на психолози, кое што помогнало да се популаризира темата и вниманието да се насочи кон еден научен приод за претставување на креативноста. (Треба да се забележи се открило дека во Лондонското училиште за психологија имало студии по психометрија на почетокот на 1927 год од XX век.Тогаш се појавила и книгата „ Способност за имагинација’’ на Х.Л.Хергрејвис, но, го немала истото влијание. Статистичките анализи довеле до препознавање на креативноста (доколку е измерена) како посебен аспект на човековото осознавање до IQ типот на интелигенција, кој што претходно бил опфатен. Делата на Гилфорд упатуваат на тоа дека до некое определено ниво на IQ не може да се поврзе креативноста и нормалната измерена интелигенција.

Креативен процес Постојат повеќе емпириски студии во психологијата и когнитивната наука за процесите преку кои се случува креативноста. Инкубација