Информациски и комуникациски технологии за развој (ИКТ) е општ термин кој се однесува на примена на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ) во областа на социо-економски развој, меѓународен развој и човекови права. Основната хипотеза зад овој пристап е се повеќе и подобро информирање и комуникација кое го промовира развојот на едно општество (тука спаѓаат подобри приходи, образование, здравство, безбедност или било кој друг аспект на човековиот развој ). Во нашето време, најмногу материјални и ефективни начини за подобрување на информациски и комуникациски текови во општеството се состојат во поттикнување на ИКТ.

Доминантниот термин кој се користи во оваа област е "ИКТЗР". Алтернативи вклучуваат ИКТР и информатика за развој.

ИКТР (Информатички и комуникациски технологии и развој) е примена на технолошки решенија за проблемите на земјите во развој. Во теоријата, тоа се разликува од информатички и комуникациски технологии за развој (ИКТРЗР). ИКТРЗР се фокусира на користење на дигитална технологија за добивање на специфични развојни цели (особено на Милениумските развојни цели). ИКТР е многу пошироко во употреба од ИКТ кај земјите во развој. Ова е разлика која ретко се сфаќа и се користи во пракса.

Постои - сосема слободна - заедница на истражувачи што е создадена на годишните ИКТЗР конференции, од кои вторатаhttp://www.ictd2010.org/ се одржа во Лондон, Англија. Главната одлика на оваа заедница е интеграција на двете технички и општествени науки и истражувачите кои работат во оваа област.

Концептот на ИКТЗР може да се толкува дека се занимава со маргинализираните популации насекаде во светот, но најчесто се поврзани со работа во земјите во развој. Тој се занимава со директна примена на информатичката технологија за намалување на сиромаштијата. ИКТ може да се примени и во директна смисла, кога неговата употреба носи директни придобивки на маргинализираното население или во индиректна смисла, при што им помага на ИКТ хуманитарните организации или невладини организации или влади или бизниси со цел да се подобрат општите социо-економски услови.

Полето станува признаено како област за интердисциплинарни истражувања што може да се забележи од страна на поголем број на конференции, работилници и публикации. Таквите истражувања се поттикнати делумно и од потребата за научно потврдени репери и резултати кои може да се користат за мерење на ефикасноста на тековните проекти.

Можности ИКТ е од централно значење за повеќето модерни економии денес. Многу меѓународни развојни агенции ја признале важноста на ИКТЗР, на пример, GICT секцијата на Светската банка има тим од околу 200 членови од персоналот задолжени да работат во областа на ИКТ. Центарот за глобална мрежа, исто така, ги промовира иновациите и напредокот во ИКТЗР.Global Knowledge Partnership (GKP) е првата мрежа во светот со повеќе чинители, заедничка за јавниот сектор, приватниот сектор и организациите на граѓанското општество со цел да се сподели знаењето и градење на партнерства во ИКТЗР.

Земјите во развој далеку заостануваат зад развиените земји во употребата на компјутери и интернет пристап. На пример, во просек само 1 од 130 лица во Африка има компјутерComputers for Africa Launches New Initiative to Help Schools (4/13/2010), додека во Северна Америка и Европа 1 на секои 2 лица имаат пристап до интернет. 90% од учениците во Африка никогаш не допреле компјутер.

Сепак, локалните мрежи може да обезбедат значителен пристап до софтвер и информации дури и без користење на интернет врска, на пример, преку употреба на Википедија ЦД или eGranary дигитална библиотека.

Еден добар пример за влијанието на ИКТ е запознавањето на земјоделците со пазарната цена и на тој начин доаѓа до зголемување на нивните приходи. Е-центарот на заедницата на Филипините има развиено мрежно место за промоција на неговите локални производи во светот. Друг пример е употребата на мобилни телекомуникации и радио емитување против политичка корупција во Бурунди.

Историја Историјата на ИКТЗР може да се подели во три периоди:

ИКТЗР 0.0: средината на 1950-тите до крајот на 1990-тите години. Во овој период (пред создавањето на терминот "ИКТЗР"), фокусот бил на компјутери/обработка на податоци за канцелариски апликации за власта и приватниот сектор како и организации за земјите во развој. ИКТЗР 1.0: крајот на 1990-тите години до крајот на 2000-. Комбинирано со доаѓањето на Милениумските развојни цели и меинстрим употреба на интернетот во индустријализираните земји довело до брз пораст на инвестициите во ИКТ инфраструктура и ИКТ програми/проекти во земјите во развој. Најтипична апликација е телецентар, кој се користи да се донесат информации за развој на прашања како што е здравството, образованието и земјоделието во сиромашните заедници. ИКТЗР 2.0: крајот на 2000-тите и наваму. Нема јасна граница меѓу фаза 1.0 и 2.0, но има предлози да се пресели во нова фаза која вклучува промена од телецентрите кон мобилни телефони како архетипска примена; постои помала загриженост за Е-подготвеност и поголем интерес за влијанието на ИКТ за развој и повеќе се фокусира на сиромашните како производители и иноватори со ИКТ (за разлика од корисниците на ИКТ-засновани на информации).

Проекти Анализи ИКТЗР иницијативи и проекти може да бидат дизајнирани и имплементирани од страна на меѓународните институции, владите (на пример, е-Мексико иницијатива), консултанти (на пример, непрофитни компјутери,), приватни компании (на пример, Intel's Classmate), невладини организации (на пример, Меѓународниот институт за комуникација и развој) или виртуелни организации (на пример, Лаптоп за секое дете). Проектите обично може да се евалуација на истражување, прелиминарни истражувања, или конструктивни истражувања.

Во 2010 година Извештај од истражување за Ресурсниот центар за управување и социјален развој Governance and Social Development Resource Centre website заклучил дека "Многу малку ИКТЗР активности се покажале одржливи ... Неодамнешните истражувања ја нагласиле потребата да се префрлат од технологија зависна од пристап, каде што акцентот е на технички иновации кон приод кој ја нагласува иновативната употреба на веќе воспоставената технологија (мобилни телефони, радио, телевизија). " Сепак, од 27 апликации на ИКТ за развој како е-влада, Е-учење и Е-здравје било заклучено дека има можности за голем успех како и зајакнување на социјалните мрежи и зголемување на безбедноста (особено за жените).

Центарот за развој на Обединетите нации во Бангкок издал список на повеќе од 100 студии за случаи на решавање на едно или повеќе од следните прашања:UNDP ICTD Case Studies Пристап и инфраструктура Градење на капацитети и образование E-владеење и е-влада Животната средина и земјоделството Слободен софтвер Пол и ИКТ Здравство и медицина Политика и социјална анализа Технички иновации за развој

Проблеми Проекти кои распоредуваат технологии во недоволно развиените подрачја се соочуваат со добро познати проблеми во врска со криминал, проблемите на прилагодување на социјалниот контекст и инфраструктурни проблеми.

Во многу сиромашни региони на светот потребни се законски и политички мерки за да се олесни или овозможи примена на ИКТ, особено во однос на монополот со комуникациски структури и цензура на закони.

Повеќе истражувања и планирања се од клучно значење за да се минимизираат проблемите и да се зголемат резултатите во спроведувањето на ИКТЗР проекти. Истражувањето треба да е свртено кон корисникот со цел да се направи дизајн на технологијата кој ќе биде лесен за восприемање што е особено важно во руралните области на земјите во развој, каде што голем предизвик е образованието на децата.

Прашањето во врска со писменоста е еден од клучните фактори зошто проектите не успеваат во руралните области, образованието и писменоста буквално претставуваат основа за дигитална и информациска писменост па со тоа потребно е да се направи соодветно образование и обука за корисникот со цел да разбере како да манипулира со апликации за да добие информации кои му се потребни. Потребно е постојано следење на заедницата за да се види дали проектот е успешно имплементиран и дали се користи.

Во случајот на Индија, технолошкиот напредок е повеќе од видлив во реалноста: достапноста на мобилни телефони дозволи повеќе луѓе да се здобијат со мобилни телефони уште пред да научат да користат лични компјутери и работни околини. Затоа непознавањето на работа со компјутери може да се види како проблематично бидејќи се создава дигитален јаз ако предвидени технолошки уреди се компјутери, па поделеноста меѓу компјутерската технологија и луѓето предизвикува тешкотии за некои иницијативи од ИКТЗР проектот да стапат на сила. На пример, во руралните делови на Индија, Министерството за образование ја отфрли OLPC иницијативата поради недостаток на средства и обучени професионалци за одржување на настава на компјутер. Додека затворање на дигиталниот јаз може да се постигне преку обука на наставници, со што технологијата може да се користи за наставниот процес, постои уште еден проблем за неуспех да се признае технологијата како алатка во процесот на учење. Проучување како ученици и/или студенти кои комуницираат со користење на технологијата е од витално значење за развој и дизајнирање технологии за нив.

Проекти во маргинализираните руралните области се соочени со најзначајните пречки, но, бидејќи луѓето во руралните области се маргинализирани на дното на пирамидата, напорите за развој треба да направат најмногу разлика во овој сектор. ИКТ имаат потенцијал да ги мултиплицираат ефектите за развој и на тој начин се исто така значајни во руралната арена.

Сепак, воведувањето на ИКТ во овие области е најчесто многу скапо и постојат следниве бариери:

Недостигот на инфраструктура: нема електрична енергија, нема вода, лоши патишта, итн. Недостаток на здравствени услуги: болести како ХИВ, туберкулоза, маларија кои се сè почести. Недостаток на вработување: практично нема работни места во маргинализирани рурални области. Глад: гладни корисници имаат проблем со концентрацијата. Неписменост: Кориснички интерфејси со текст кои не работат многу добро, иновативни човекови компјутерски интерфејси (види интеракција човек- компјутер) се задолжителни. Недостаток на средства за одржување на проектот: некои проекти може да се остават да се влошуваат со време, бидејќи одржување е спорадично ако компонентата паузира за да се добијат квалификувани луѓе или да се направи поправка .. Недостаток на средства за одржување на проектот поради грантови со краток поглед Недостаток на поддршка од локалната самоуправа Социјални контексти: на потенцијалните корисници кои живеат во руралните маргинализирани области често не може лесно да се види местото на ИКТ поради општествениот контекст и поради пречки како глад, болести и неписменост. Можност за поттикнување на одлив на интелигентен кадар. Корупцијата е еден од факторите кои го попречуваат спроведувањето на ИКТ проекти во руралните области. Обуки и семинари мора да се спроведуваат во согласност со соодветно време за земјоделците, да бидете сигурни дека нивната секојдневна рутина не е засегната. Многу апликации не се лесни. Проектите понекогаш не се управувани од потребите и не се релевантни за локалната средина.

Друг значаен проблем може да биде избор на софтвер инсталиран на една технологија Computers to Africa scheme criticised (5/1/2003) - инструктори обучени во друг сет на софтвер, (на пример Ubuntu) може да се очекува да имаат тешкотии во навигацијата на компјутери донирани со различен софтвер (на пример Windows XP).

Уште еден значаен проблем е, исто така, злоупотребата на електронскиот отпад на опасни начини. Палење на технологијата за да се добијат метали од неа ќе испушти отровни гасови во воздухот.How Discarded Computers Are Poisoning Africa's Kids (12/7/2009)