Манука или чајно дрво (, ) — грмушка или мало дрво кое потекнува од и расте во Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Мануката вирее низ цел Нов Зеланд, особено во сувите краишта на источните брегови на Северниот Остров и Јужниот Остров, како и во Тасманија, Викторија и Нов Јужен Велс во АвстралијаThompson J., (1988) A revision of the genus Leptospermum (Myrtaceae) Telopea 3(3): 301-449. Растението го добило името „чајно дрво“ бидејќи морепловецот Капетан Кук варел чај од неговите листовиJ. T. Salmon, The Native Trees of New Zealand, Reed, 1973. ISBN 0-589-01340-8.
Мануката е плодородно дрво од типот на честаци и најчесто е првото растение кое успева да се расплоди на опустошено тло. Типично расте од 2 до 5 м во височина, но може и да нарасне во дрво со умерена големина до 15 м. Дрвото е зимзелено, со густи гранки и мали листови со должина од 7-20 мм и ширина од 2-6 мм, со краток жилест врв. Цветовите му се бели, но понекогаш и розови со пречник од 8-15 мм (поретко се среќаваат примероци и до 25 мм), со пет цветни ливчиња.
Стеблото му е цврсто и жилаво и затоа се користи за изработка на рачки за алати. Струготините даваат одлична арома кога се користат за пушење на месо и риба. Медот од неговите цветови има особен вкус и е потемен и побогат со арома отколку детелиновиот мед, и има голема антибактериска моќ. Во Нов Зеланд овој мед може да се најде во секоја продавница.
„Манука“ е маорското име на дрвото кое е во употреба во Нов Зеланд, додека името „чајно дрво“ се користи и во Нов Зеланд и во Австралија.
Наводи
Поврзано Канука
Надворешни врски
Манука (Leptospermum scoparium var. scoparium) — Новозеландска мрежа за заштита на растенијата (NZPCN)
Категорија:Дрва на Нов Зеланд Категорија:Флора на Нов Зеланд Категорија:Флора на Австралија Категорија:Мирти Категорија:Медоносни растенија Категорија:Лековити растенија