Радмила Шекеринска Јанковска ( во Скопје) — македонска политичарка, поранешна министерка за одбрана на Република Македонија и премиерка.
Шекеринска на 2 декември 2024 била назначена за заменик генерален секретар на НАТО.
Животопис Радмила Шекеринска магистрирала на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во Соединетите Држави во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995 година. Во текот на 1996 година, таа работела како асистент за односи со јавност во Институтот „Отворено општество Македонија“. Од 1997 до 2002, таа работела како асистент на Електротехничкиот факултет.
Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата „Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува Светскиот економски форум.
Политички функции лево|мини|Средба на Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, за време на официјалната посета на САД во 2018 година. Од 1993 година, Шекеринска била избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати. Од 1995, таа била член на претседателството на ЦО на СДСМ, а во 1999 година, таа била избрана за потпретседател на ЦО на СДСМ и за меѓународен секретар на партијата. Во периодот 1995-1999 година, таа ја вршела функцијата претседател на СДММ, а во 1997 - 1998 година е и портпарол на СДСМ. Подоцна е избрана за потпретседател на Партијата, а на 5 ноември 2006 година е избрана и за претседател на Партијата.
Од 1996 до 1998 година, Шекеринска била член на Советот на Град Скопје. Во 1998 година, таа била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во овој период ги врши функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.
Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.
Наводи
Надворешни врски Радмила Шекеринска на мрежното место на Владата на Република Северна Македонија. Радмила Шекеринска Јанковска на мрежното место на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Премиери на Македонија Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје