Теодосиј Антиохиски (424 — 529), познат и како Теодосиј Велики е основач и организатор бил на монашкиот живот.

Роден e во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како младич го посетил Симеон Столпник, кој го благословил и му прорекол голема духовна слава. Со кадилницата во која ставил студен јаглен и темјан, Теодосиј барал место каде би се населил и би изградил манастир, изастанал таму каде што јагленот се запалил самиот од себе. Тука се населил и почнал да се подвизува. Наскоро се собрале околу него голем број монаси кои зборувале различни јазици. Затоа тој изградил црква за секој јазик посебно и така истовремено се служело и се пеело за славата Божја на грчки, ерменски, грузиски и др. На денот на причесната, целото братство се собирало во главната црква, во која се служело на грчки јазик. Трпезата била заедничка за сите, заеднички бил и целиот имот, заедничка работата, заедничко страдањето а неретко и гладувањето.

Теодосиј бил возвишен пример на живот за сите монаси. Поседувал дарба на чудотворство да може болни да исцелува, надалеку да се јавува и дапомага. Починал на 105 години во 529 година„Охридски пролог“ стр. 13.

Православната црква го чествува на 11 јануариGreat Synaxaristes: Ὁ Ὅσιος Θεοδόσιος ὁ Κοινοβιάρχης καὶ Καθηγητὴς τῆς Ἐρήμου. 11 Ιανουαρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ..

Наводи

Категорија:Византијци од 5 век Категорија:Византијци од 6 век Категорија:Христијански свештеници од 6 век Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Христијански светци од 6 век Категорија:Православни светци Категорија:Византиски светци Категорија:Преподобни Категорија:Чудотворци Категорија:Испосници Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Починати во 529 година