Гринхајн-Бајерфелд () — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, кој се наоѓа 8 километри источно од Ауе. Настанал на 1 јануари 2005 година со спојување на градот Гринхајн и општината Бајерфелд.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа во североисточниот дел на округот. Највисока точка во градот е Шпигелвалд (шума) на 738 метри надморска височина.
Соседни заедници
На север, градот се граничи со Цвениц, на исток со Елтерлајн, на југ со Рашау, на југозапад со Шварценберг на запад со Бернсбах и Лесниц.
Составни делови
Гринхајн-Бајерфелд има три составни дела:
Бајерфелд Гринхајн Вашлајте
Историја Бајерфелд
Областа околу Бајерфелд била населена во век. Како многу други места во Рудните Планини, Бајерфелд бил само едно шумско село (Waldhufendorf). Името на градот потекнува од баварските доселеници (првите два слога, „Beier“ се изговараат на ист начин како германскиот збор Bayer, што означува „баварски“). Во 1233 година, Бајерфелд станал манастирско место со Мајнхард II од Вирбене на гринхајнската опатија. Така, игуменот на Гринхајн ја одржил јурисдикцијата над заедницата до реформацијата.
Меѓутоа, кога дошло рударството, започнал и преминот од чисто земјоделска заедница на индустриска. Зголемувањето на добивките на производителите на прибори за јадење во и век, како и на индустријата за плочки во век, го направиле градот главна точка на бизнисот. Од почетоците на рачно изработени куќни и кујнски машини, пораснало фабричкото производство во големи претпријатија на почетокот на век.
Гринхајн
мини|десно|Манастирски ѕид во Гринхајн
Гринхајн првпат бил споменат во 1150 година. Локацијата на солениот пат од Хале до преминот Пресниц и понатаму до Бохемија ги натерала Систерците да дојдат тука и да основаат манастир. Во 1276 година, Гринхајн ги добил градските права. До 15 век, манастирот го проширил своето поле на влијание, главно преку донации. На почетокот на реформацијата, манастирот зел под своја закрила 56 села и три градови. реформацијата и Триесетгодишната војна биле крајот на манастирот.
Вашлајте
Вашлајте бил првпат документиран во 1531. Веќе од век, рударството започнало во долината Освалд, каде се наоѓа Вашлајте. Покрај среброто, калајот и железото, подоцна почнал да се ископува и мермер. Рударството продолжило до 1920. Рударството има свое влијание и во името на местото, кое се однесува на операцијата миење на рудата на гребен.
Припојувања
На 1 јануари 1999 година, Вашлајте се споил со Бајерфелд.
На 1 јануари 2005 година, Гринхајн и Бајерфелд се споиле, така што дошло и до промена на името во Гринхајн-Бајерфелд.
Култура и знаменитости
мини|десно|Црквата Св. Петар и Павле во Бајерфелд мини|десно|Руини на Дуделскирхе (Dudelskirche) во Вашлајте
Музеи
Изложбата Zur Heimatecke во Вашлајте Рудникот Herkules-Frisch-Glück во Вашлајте Музеј на Црвениот Крст во Бајерфелд
Музика
Original Grünhainer Jagdhornbläser
Градби
Остатоци од систерцерски манастир во Гринхајн Руини од црквата Свети Освалд (Dudelskirche) во Вашлајте Црква Св. Петар и Павле во Бајерфелд Црква Св. Никола во Гринхајн Кула Крал Алберт (König-Albert-Turm)
Паркови
Природен парк Вашлајте
Спорт
Природен базен Гринхајн
Редовни настани
Löffelmacherfest во Бајерфелд (фестивал на производителите на лажици) Klosterfestspiele во Гринхајн („манастирски игри“) Harzerfest во Вашлајте
Трите фестивали се одржуваат по ред, секоја година.
Поглед од Шпигелвалд над Гринхајн (во позадина е Schatzenstein)
Економија и инфраструктура Сообраќај
Гринхајн-Бајерфелд не е поврзан со ниедна друга општина со сојузен автопат; меѓутоа, најважните патни врски се со Шварценберг, близу кого поминува сојузниот автопат Б101 и патот до Цвениц.
Медиуми
Кабел Журнал (Kabel Journal)
Образование
2 основни училишта 1 средно улилиште 1 стручен училиштен центар
Познати луѓе
мини|десно|Јохан Херман Шајн
Родени во градот
Јохан Херман Шајн (1586-1630) — композитор Фриц Кернер (1873-1930) — поет Лизелот Пизер (1917-1998) — економист и политичар, член на Бундестагот
Луѓе поврзани со градот
Кунц фон Кауфунген (околу 1410-1455) — организатор на грабежот на кнежевството Алтенбург, фатен близу Вашлајте Јохан Габриен Лебел (1635–1696) — сопственик на стакларница и производител на железо, умрел во Гринхајн Томас Келер (1940- ) — двоен олимписки медалист во санкање, живеел во Бајерфелд Ортрун Ендерлајн (1943- ) — натпреварувач во санкање, работел во Бајерфелд
Наводи
Надворешни врски
Службена страница на градот
Категорија:Рудни Планини (округ)