Михаило Џолонга (, ) — македонски ортопед и народен пратеник од 2011 година.
Животопис Џолонга е роден во Битола на 11 јуни 1959 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. По занимање е специјалист ортопед. Бил пратеник во македонското Собрание од 2011 година, како член на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието важел за најредовен пратеник, но и за пратеник кој воопшто немал дискусија. Од 1994 година, тој е член на Македонската асоцијација на ортопеди и трауматолози.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски ортопеди Категорија:Пратенички состав 2011-2014