Света Агата е христијански светец и маченик од III век.
Родена е во сицилијанскиот град Палермо од благородни и имашни родители. Кога царот Дециј Трајан почнал гонење на христијаните света Агата била фатена и изведена на суд пред судијата Квинтинијан. Според христијанските верувања, судијата ја видел Агатија многу убава во лицето и посакал да ја има за жена. Кога тој тоа го предложил ѝ на Агатија, таа му одговорила дека e невеста Христова. Судијата ја ставил на тешки маки и мачења. Во затворот ѝ се јавил Апостол Петар и ѝ го вратил целосно телесното здравје. Повторно била изведена на мачење и повторно била фрлена во затворот каде што ја предала својата душа на Бога во 251 година во градот Катана, а во времето на царот Дециј Трајан„Охридски пролог“ стр. 50.
Православната црква неговиот ден го чествува на 5 февруари.
По неа е наречено гратчето Сантагата Болоњезе во Емилија-Ромања, Италија, каде денес се произведуваат автомобилите „Ламборгини“.
Наводи
Категорија:Италијански светци Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Христијански маченици од 3 век Категорија:Православни светци Категорија:Родени во непозната година Категорија:Светици Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Родени во 231 година Категорија:Починати во 251 година