Захариј Ерусалимски бил Патријарх на Ерусалим и христијански светец.

Во времето на императорот Ираклиј I, сасанидскиот цар Хозрој го зазел градот Ерусалим, во 614 година. Според христијанските верувања во тоа време бил во Персија однесен и Вистинскиот Крст, а заедно со него како заложник бил однесен и самиот Захариј. Захариј oстанал 14 години во ропство. Подоцна Ираклиј го приморал персискиот цар да го врати Чесниот Крст со патријархот и преостанатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесол Крстот на својот грб во светиот град. Oстанатите свои денови св. Захариј ги поминал во мир. Починал во 631 година„Охридски пролог“ стр. 73.

Православната црква неговиот ден го чествува на 21 февруари.

Наводи

Категорија:Архиепископи од 7 век Категорија:Патријарси на Ерусалим Категорија:Византијци од 7 век Категорија:Христијански светци од 7 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во Ерусалим