Порфириј Гаски — христијански светец роден во Македонија и маченик од IV век и V век.

Порфириј е роден во од богати родители. Својата младост до 25 година ја поминал во родниот град за да подоцна се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на искусен духовник, младиот Порфириј таму се замонашил и поминал пет години. Тогаш ја посетил Светата Земја во друштво со својот верен другар, инокот Марко. Близу до Ерусалим се подвизувал во некоја пештера пак пет години.

Според христијанското верување, една ноќ во визија му се јавил Господ и го исцелил од немоќта во нозете. Кога бил избран за епископ во Газа, св. Порфириј со тешко срце се нафатил на таа должност. Во Газа затекнал само 280 христијани; сите останати жители биле идолопоклоници. Морал лично да патува во Цариград кај императорот Аркадиј и патријархот Свети Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Идолските храмови се затвориле, статуите се урнале и се соѕидало прекрасна црква со триесет мермерни столбови. Ѕидањето на овој храм го помогнала особено царицата Евдоксија. Починал во 420 година„Охридски пролог“ стр. 80.

Православната црква неговиот ден го чествува на 26 февруари.

Наводи

Категорија:Македонски светци Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Прогонување на раните христијани Категорија:Историја на христијанството во Македонија Категорија:Газа Категорија:Епископи од 5 век Категорија:Православни светци Категорија:Византиски светци Категорија:Родени во 347 година Категорија:Починати во 420 година