Милетино — село во Општина Брвеница, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

лево|мини|300п|Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во средишниот дел на територијата на Општина Брвеница, од десната страна на реката Вардар. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 510 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 19 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233.

Селото се наоѓа во подножјето на Сува Гора. Околни села се Челопек, Блаце и Теново. Во минатото, мештаните пиеле вода од бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мачкини Дупки, Осој, Сува Гора, Гмечи Леб, Света Буналевска, Ораше, Карамајнца, Каменица, Средно Поле, Рупа, Вртача, Крушојца, Буџак, Реџика, Селиште, Куќишта, Горица, Трница, Под Габер, Блатечки Присој, Рамништа и Шамак.

Селото има збиен тип и е поделено на шест маала наречени Палош, Топалоско, Шаракаш, Амедоско, Кнуш и Горно Маало. Според истражувањето на Јован Трифуноски во 1947 година, првите две маала се населени со православно население, вторите две маала имаат муслиманско население, додека останатите маала се со мешано население.

Историја

Денешното село е основано во век од доселени македонски родови. Претходно, на тоа место се наоѓала градска населба која била заштитена со две утврдувања: милетинско (Габер, 659 м.) на југ и челопечко на север. Не се знае кога била уништена оваа населба, но на селиштето се наоѓале мермерни столбови, ѕидови, железни садови, тули и стари пари. Оваа населба може да се поврзе со Милин Град, каде е пронајден еден јонски капител.

Во некогашната населба се наоѓале повеќе храмови. Така, истражувачот Јован Трифуноски ја навел состојбата со храмовите во 1940-тите години кога посетил селото: На местото каде се наоѓало селото се наоѓал храмот „Св. Атанасиј“. Од него се познаваат остатоци од темели. Западно од селото постоел храмот „Св. Ѓорѓи“ и стари православни гробови. На тоа место во 1926 година била изградена црквичка посветена на светецот. Таму се наоѓаат и новите селски православни гробишта. Третата црква е на источната страна, на патот кон соседното Блаце. Мештаните на ова место пронашле остатоци од ѕидови со живопис. Северно покрај селото се наоѓал храмот „Св. Димитриј“. Во негова близина подоцна се подигнати муслимански куќи. Денешната висока и убава селска црква била изградена во периодот 1916-1919 и е посветена на Богородица, по стариот храм кој постоел. Денес, во селото постојат црквите „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Димитриј“, „Св. Ѓорѓи“, „Св. Атанасиј“ и „Св. Петка“.

За време на отоманскиот период, но и претходно, југоисточно од Милетино се наоѓал главниот полошки пат наречен „Стамбол Џаде“. Поради ова мештаните често страдале од нападите на „Дебраните“, кои вршеле грабежи и убивале. На тој пат, се наоѓал и познатиот милетински ан, кој работел до 1878 година во посед на Кир Василко (кој бил Влав, но го викале Грк). Кир Василко го убиле Албанците во 1878 година, за што има и народна песна во Полог. Анот бил отворен повремено и по убиството на Кир Василко, односно повремено работел до 1917 година. Тогаш започнала со работа железницата на тесен колосек, поради што сообраќајот на стариот полошки пат опаднал.

Од сите старини, најзанимлива е една надгробна плоча со запис пронајдена во Милетино, која сега се наоѓа пред обновениот храм „Св. Ѓорѓи“. Таа плоча била и откопана кај храмот. Во записот се говори за некој дотогаш непознат полошки епископ, кој веројатно живеел таму во век или подоцна.

Југозападно од селото се наоѓаат месностите Селиште и Куќиште, каде се говори дека некогаш имало село. На селиштето постоела и црква, чии слаби остатоци од руините може да се забележат.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 22,1 километар квадратен. На него шумите заземаат површина од 856 хектар, на обработливите површини отпаѓаат 781 хектар, а на пасиштата 497 хектари.

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во селото работела земјоделска задруга. Во него работат услужни објекти.

За време на отоманскиот период, во еден дел од селото имало чифлиг, чии последни сопственици биле Куртиш-ага, Асим-ага, Абдил-ага, Ибраим-ага, Аџи Зенул-ага и Демир-ага. Во селото, посед имало и тетовското теќе. На чифлиците работеле православните Македонци, кои живееле во свои или во чифлигарски куќи. Ретко имало муслимански работници. Од 1878 година, чифлигарите постепено почнале да ја откупуваат земјата и до 1912 година целата земја била откупена. Најголем дел од земјата ја купиле доселените муслимански родови.

Население

мини|300п|десно|Традиционална горновардарска албанска и македонска женска и машка носија

Според статистичките пребројувања од 1453 додина во Милетино живееле исклучиво Македонци и тоа 88 семејства, 8 вдовици и 10 неженети. Додека пак во следниот попис во 1468 година има нагло зголемување на македонското население и тоа на 145 семејства, 6 вдовици и 7 неженети.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Милетино живееле 335 жители, од кои 200 Македонци и 135 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Милетино имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.

Рускиот филолог Афанасил Селишчев запишал дека во 1929 година селото имало 790 жители.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци, 350 Албанци и 50 Турци.

Милетино е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 1.498 жители, од кои 673 биле Албанци, 749 Македонци и 72 жители Турци, а во 1994 година имало 1.786 жители, од кои 1.142 биле Албанци, 638 Македонци, двајца Турци и четири жители останати.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Милетино, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.

Според пописот од 2002 година, селото имало 1.986 жители, од кои 642 Македонци, 1.336 Албанци, 2 Срби и 6 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.674 жители, од кои 501 Македонец, 1.105 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 64 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Милетино:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Вкупно1948———————1.3101953717645144116—1.397196174967372—04—1.498197167988239027—1.60919816581.113310018—1.820199165080033—66419946381.1422022—1.78620026421.3360026—1.98620215011.1050013641.674 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Милетино е македонско-албанско-турско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонски родови: Стаматовци (2 к.), најстар селски род. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Тасевци (3 к.), стар селски род. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Кнушој или Николовци (6 к.), стари доселеници од Порече. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Филиповци или Карадаг (14 к.), доселени се од некое село на планината Скопска Црна Гора. Имаат иселеници во Белград; Топаловци (19 к.), доселени се од некое село во Охридско. Овде дошол основачот на родот Топал околу 1780-тите, го знаат следното родословие: Паун (жив, 78 години во 1946 г.)-Аврам-Ѓоргија-Злате-Топал, основачот на родот кој се доселил. Пред да дојдат во ова село, пробале да се населат во околните села, но таму не ги сакале селаните. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Белград (две семејства); В’лкановци (3 к.), доселени се од некое албанско село на Шар Планина околу 1850-тите, го знаат следното родословие: Блаже (жив, 38 години во 1946 г.)-Петруш-Анѓеле-В’лкан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Челопек; Станчевци (11 к.), доселени се однекаде. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство); Самарковци (1 к.), и тие се доселени се од некаде; Џамадај или Маковци (8 к.), доселени се однекаде околу 1840-тите, се доселил основачот на родот Мако, го знаат следното родословие: Вељан (жив, 50 години во 1946 г.)-Стојан-Аврам-Мако, кој се доселил. Имаат иселеници во Јабука во Војводина (тие биле колонизирани таму); Војној (5 к.), доселени се од некое село во Порече; Ѓорговци (6 к.), доселени се од некое село во Порече. Имаат иселеници во Белград (две семејства), Ќуприја (едно семејство) и во Војводина (едно семејство); Бацој (3 к.), доселени се од сега албанското село Горна Лешница. Имаат иселеници во Теново (едно семејство); Јаковчевци (5 к.), доселени се од Блаце, каде биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Коруној (1 к.), и тие се од Блаце, потекнуваат од домазет; Јанкуловци (2 к.), и тие се од Блаце, таму припаѓале на родот Лукаревци, подалечно потекло од селото Лупште, Порече; Ѓонковци или Јовановци (1 к.), се доселил предокот Јован околу 1810-тите. Го знаат следниот родослов: Новак (жив, 44 години во 1947 г.)-Диме-Тодосија-Новак-Јован. Имаа иселеници во Брвеница (4 к.) и во Белград (1 к.); Ќулумовци или Цветковци (1 к.), доселени се од Порече. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Стојчевци (2 к.), доселени се од сега албанското село Горна Лешница; Шутковци (1 к.), доселени се од селото Блаце, каде биле дел од староседелскиот род Грнчаровци; Филип (1 к.), дошол од селото Томино Село, Порече; Иван или Дебранци (1 к.), доселени се од некое село на Црн Дрим и Вељан (1 к.), доселени се од селото Седларево, нивните роднини таму се албанизирани. Албански родови: Амедовци (34 к.), доселени се околу 1790-тите од некое место во Северна Албанија. Имаат иселеници во Темишвар (едно семејство); Ќемаловци (3 к.), стари доселеници, нивното потекло е непознато, можеби се од турско потекло; Таировци или Имеровци (14 к.), доселени се од Дебарско околу 1830-тите, го знаат следното родословие: Ајет (жив, 55 години во 1947 г.) Реџеп-Алија-Нуија, еден од нивните први доселеници. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Шаракат (8 к.), доселени се околу 1830-тите од селото Ѓурѓевиште на Шар Планина, го знаат следното родословие: Куртиш (жив, 80 години во 1946 г.)-Реџеп-Зибер, еден од браќата кој се доселил. Понатамошно потекло имаат од областа Љума. Имаат иселеници во Тетово (1 к.); Реџеповци (5 к.), доселени се околу 1830-тите од некое село западно од Дебар. Го знаат следното родословие: Азир (жив, 50 години во 1947 г.)-Амет-Рушан-Реџо, кој се доселил во селото; Османовци (3 к.), доселени се од селото Падалиште, подалечно потекло од Северна Албанија. Имаат иселеници во Долно Синичино; Миџаит (1 к.), скоро доселен, не го кажал потеклото и Азис (1 к.), исто така скоро доселен, по потекло од Дебарско. Турски родови: Агалари (5 к.), доселени се околу 1830-тите овде преку Тетово, подалечно потекло од Мала Азија, го знаат следното родословие: Арслан (жив, 60 години во 1946 г.)-Рушан-Мамут-Арслан-Ага, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и Зенул-Агини (2 к.), доселени се од Врапчиште, викаат дека се од турско потекло. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).

Иселеништво

Покрај наведените иселувања од поединечните родови се знае и за следниве иселувања забележани во 1947 година: