Кимон (Кимо) Георгиев — македонски револуционер, поројски и солунски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е во лагадинското село Негован. Влегол во ВМОРО како терорист. Во 1904 година, тој станал четник при Христо Чернопеев, а од следната 1905 година е војвода на самостојна чета, која дејствувала во Поројско и Солунско. Негов четник е Антон Костадинов.

Кимон Георгиев загинал во борба со османлиските сили во 1907 година, заедно со целата своја чета.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 31.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 65.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Негован (Лагадинско)