Ангелина Маркус, мом. Шуплиноска, ( во — 22 април 2022 во Скопје) — македонска писателка, историчарка и професорка по филозофија. Во своите дела Маркус пишувала за античката и средновековната историја на македонскиот народ и тие често имаат родољубив карактер.
Основно образование завршила во родното село, гимназија во Прилеп, а Филозофски факултет во Скопје. До 1990 година, таа работела како професор во повеќе гимназии низ Македонија, кога и се пензионирала. Уште во студентските денови ја привлекол пишаниот збор и повремено објавувала написи и пишувала песни. Од 1990 година, започнале нејзините истражувања за древните вредности на Македонија, со критички осврт врз целата користена книжевност.
Дела Ксантика - древно македонско празнување, 2010 Кумството во црквата Св. Недела во с. Смилковци, 2009 Персеј, 2009 Алкомена, древен град во Пелагонија, тврдина на македонските кралеви, 2008 Аристотел Македонецот, 2007 Беше и си биле... Приказни за Македон и Македонците, 2006 Исхраната на древните Македонци, 2006 Филип II Македонецот, 2005 Македонска древна медицина, 2005 Македонските древни театри, 2005 Тополчани во срцето на Пелагонија, 2005 Македонија на Македонците, 2004 Македонски древни вредности II, 2003 Поеми за Македонските цареви, 2003 Македонски древни вредности, 2001 По трагите на славните Македонци, 1998
Поврзано
Љубица Војдановска Евгенија Шуплинова Спасе Шуплиноски
Наводи
Надворешни врски Портал на Ангелина Маркус
Категорија:Луѓе од Тополчани Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје