Димитар Коштанов (18 март 1879 - 21 мај 1915) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, анархист, член на Македонската револуционерна организација и гемиџија Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003. Животопис Димитар Коштанов е роден на 18 март 1879 година во Горна Џумаја, денес Благоевград. Учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Изучува инженерство во Швајцарија, но не завршува. Со анархистичните убедувања се приклучува на ВМОРО и дејствува како терорист на Централниот комитет. Подоцна ги помага гемиджиите. Во 1900 година заедно со Александар Кипров ги заменува уапсените Петар Манџуков, Петар Соколов и Павел Шатев и продолжува да копа тунел под Отоманската банка во Цариград. Во 1901 година турската власт фатила тајна преписка помеѓу Александар Кипров и Христо Матов и го запечатува магацинот во кој се копал тунел. Подоцна Димитар Коштанов успева да избега од турската власт. Во 1902 година станува војвода во Ахчелебиско.
Во 1905 - 1906 година работи во Варна. По Младотурската револуција од 1908 година Димитар Коштанов учествува во основањето на Народната федеративна партија, како делегат од Горна Џумаја и е избран за член на партискиот совет. Занимава со градежништво претприемништво. Учествува активно во јавниот живот на својот роден град. Во 1913 година тој е иницијатор за обнова на локалното читалиште "Согласност" и е негов претседател Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 65..
Се удавил во реката Струма на 21 мај 1915 година, при изградбата на мост во близина на селото Покровник Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 85.Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 461..
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО К Категорија:Луѓе од Горна Џумаја Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски стопанственици